27 Октомври, 2021
0.0239

ЦЕЛ ДЕН НА КОМИСИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН - МТСП бара пратениците од опозицијата да не ја кочат расправата

Објавено во: Економија 21 Септември, 2021

Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор.

„За жал, во текот на целиот ден, на Комисијата за труд и социјална политика, поради процедурални забелешки, не беше овозможено да се отвори расправа за Предлог-законот, кој работниците го очекуваат и кој треба да почне да се применува од први октомври оваа година“, велат од МТСП.

Овој Предлог закон овозможува над 92 проценти од вработените да одмораат во недела и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот професионалниот живот.

„Дополнително, законското решение кое е на второ читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, за малиот процент работници кои ќе работат во недела гарантира дополнителни најмалку 50 проценти повисока дневници и слободен ден. Од овие причини, од исклучително значење е пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата, да бидат конструктивни и да дејствуваат во интерес на граѓаните. Потсетуваме дека Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, беше подготвен низ една широка и конструктивна дискусија и доби силна поддршка и од претставниците на работниците и на работодавачите“, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Фактор веќе пишуваше за овој проблем.  

Можеби ќе ве интересира

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!