Царовска: Работниците се на платен одмор, не се отпуштени
Објавено во: Економија 20 Март, 2020
Вицепрмеирката во техничката влада, Мила Царовска, вели дека тоа што голем дел работници во моментов не работат поради новонастаната ситуација создава слика дека има отпуштања, но всушност, како што вели таа, поголемиот дел од нив се на платен одмор.
- Реструктурирањето на кредитите ќе биде и за граѓаните, не само за фирмите. Ако ја видите динамиката масовни отпуштања во моментов нема. Она што се гледа во медиумите околу отпуштања, всушност е земањето на платен одмор, и така фирмите и луѓето се снаоѓаат. Трговската размена со земјите од регионот продолжува и правиме се за да се поттикне земјоделието. Сега е време внатре да стегнеме, правиме проекции и да поттикнеме земјоделието во моментов да произведува добра кои што ние дома ќе ги користиме, рече Царовска во „Утрински брифинг“.
Рече дека за да се воведат нови мерки треба да се соберат дополнителни средства во буџетот и дека многу во оваа криза ќе помогне новиот начин на реструктуирање кои како предлог го доставиле комерцијалните банки до Народна банка.