21 Јануари, 2020
0.0200

Царовска ги израдува пензионерите - просечната пензија идната година 15.500 денари

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска пред пензионерите во Битола најави дека идната година просечната пензија ќе достигне до 15.500 денари. 

„Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари“, рече Царовска.

Царовска истакна дека дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 отсто и за 5 проценти на просечната плата.

Илија Ивановски, заменик директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување нагласил дека со пензиската реформа само за една година е направена заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10 отсто. 

„Пензиите се зголемуваат во време кога 11 месеци по ред пензиите се исплаќаат без позајмици и кога спроведувањето на пензиската реформа даде одлични резултати”, рече Ивановски.

Претседателката на Сојузот на здрженија на пензионери Станка Трајкова рече дека зголемена пензија ќе добијат над 320 илјади пензионери. Претседателот на Здружението на пензионери на Битола Томе Димитровски истакна дека Битола е град со над 18.000 пензионери, а повеќето од нив добиваат просечна пензија.

Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.


Можеби ќе ве интересира

Врховниот суд ќе ги преиспитува пресудите на Груевски и јанкулоска во „Тенк“

Врховниот суд ќе ги преиспитува пресудите на Груевски и јанкулоска во „Тенк“

ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ - Кој ќе ги штити правата на најранливите

ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ - Кој ќе ги штити правата на најранливите

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи законот со кој 100 илјади граѓани треба да си го решат проблемот со домовите

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи законот со кој 100 илјади граѓани треба да си го решат проблемот со домовите

Законот за забрана на увоз на отпад денеска на дневен ред, се носи по скратена постапка

Законот за забрана на увоз на отпад денеска на дневен ред, се носи по скратена постапка

Граѓани обезбедија храна, ќе се реновира и куќата на Јованови а од Мизрахи засега само ветување

Граѓани обезбедија храна, ќе се реновира и куќата на Јованови а од Мизрахи засега само ветување

РЕВОЛТИРАНИ РОДИТЕЛИ - Нема топол оброк во сите седум основни училишта во Аеродром, доцни изборот на фирма

РЕВОЛТИРАНИ РОДИТЕЛИ - Нема топол оброк во сите седум основни училишта во Аеродром, доцни изборот на фирма

Европската Комисија се подготвува за следење на судските предмети во Македонија

Европската Комисија се подготвува за следење на судските предмети во Македонија

Атиџе ЗАСЛУЖИЛА и порано некој да се сети на неа

Атиџе ЗАСЛУЖИЛА и порано некој да се сети на неа

КАСНАТИ ОД КУЧЕ ИМА СЕКОЈ ДЕН - Град Скопје уште ги средува „апартманите“

КАСНАТИ ОД КУЧЕ ИМА СЕКОЈ ДЕН - Град Скопје уште ги средува „апартманите“