24 Април, 2024
0.0264

Царовска: Газдите ќе одговараат ако не ги исплатат платите веднаш

Објавено во: Економија 31 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Фирмите итно да и ги исплатат на вработените платите за кои добие државни субвенции, рече денеска вицепремиерката Мила Царовска. Ако не се случи тоа, Владата најверојатно ќе побара од Јавното Обвинителство да покрене постапка за утврдување кривична одговорност против одговорните лица во компаниите.

„Платите итно треба да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од нивна страна, ова е голем пропуст којшто е направен и секако дека санкционирање на фирмите ќе се случи. Во моментов Генералниот секретаријат на Владата ги разгледува правните можности, се покренуваат сите елементи коишто се можни и за истото наскоро ќе бидете известени“, вели Царовска.

Владата вчера попладне ги објави имињата на фирмите кои не исплатиле плати, а зеле субвенции. 

Јавноста го крена гласот против работодавачите, а се бараше и кривична одговорност.

Фактор објави дека некои менаџери во страв од најавените казни, во последните неколку дена побрзале да си ги реализираат обврските

Се работи за 708 компании кои земале пари за исплата на априлска и мајска плата, но парите никогаш не легнале на трансакциските сметки на работниците. Овие фирми не исплатиле 162 илјади евра по основ плата за месец април и 222 илјади евра за месец мај, Оштетени се 1.700 работници кои останале без примања, а дури 52 илјади луѓе добиле пониска плата од минималната.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?