25 Април, 2024
0.0274

БУРАТА ВО ГРЦИЈА ДОНЕСЕ ОГРОМНИ ПОПЛАВИ: Хеликоптери спасуваа луѓе по кровови, Атина под вода

Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Силно невреме ја погоди вчера Грција, стотици домови се поплавени во Атина а евакуација се случи на островот Евија, каде летово беснееја пожари.

Еден повозрасен маж загина во невремето. 

Спасувачите се подготвуваат да користат хеликоптери за да ги спасат луѓето заробени на покривите на зградите во поплавените и оддалечени области на северозападниот остров Крф, изјави министерот за цивилна заштита и климатски промени Христос Стилијанидес.

„Нема сомневање дека се соочуваме со опасен временски феномен кој е многу сериозен во некои делови на земјата“, рече тој. На островот Евија, во август беа евакуирани најмалку три области погодени од шумски пожари.

Неколку десетици луѓе се евакуирани од домовите на северот на островот и ќе бидат сместени кај пријателите или во хотели обезбедени од регионалните власти.

Овогодинешните пожари во северниот дел на Евија ја оставија областа подложна на поројни поплави.

Невремето го погоди главниот град на Грција и други делови на јужна Грција, предизвикувајќи прекини во сообраќајот и затворање на патиштата.

Противпожарната служба доби повеќе од 300 повици за испумпување вода од поплавените домови, соопштија властите.

Десетици возила останаа блокирани на поплавените патишта и луѓето во нив беа принудени да си заминат. Поројниот дожд, исто така, го наруши јавниот сообраќај, но летовите до меѓународниот аеродром во Атина не беа засегнати.

Владата издаде предупредувања на грчки и англиски јазик на мобилните телефони во погодените области, повикувајќи ги луѓето да избегнуваат непотребно движење во областите што може да бидат поплавени.

Училиштата во Атина, Евија и регионот на северна Грција во близина на Солун денес ќе бидат затворени. Времето се очекува да се стабилизира во сабота.


Извор: Kurir.rs/Beta, Фото: Profimedia, EPA, Youtube prtscr


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци