БУРА ВО КАТАЛОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, Каталонците не можат да изберат претседател
Објавено во: Свет 23 Март, 2018
Бура во Каталонскиот парламент. Мнозинството кое се залага за отцепување на автономната заедница, вчера не успеа да избере регионален претседател, а тоа би можело да резултира со нови избори за два месеци.
Поради поделеноста меѓу трите партии кои се залагаат за независност од Шпанија, кандидатот Џорди Турул не го доби потребното мнозинство
Од потребните 68 гласови, Турул доби само 64 поради тоа што претставниците на антикапиталистичката партија КУП кои беа воздржани при гласањето.
Каталонскиот парламент сега има рок од два месеци да избере претседател и да формира влада, но доколку не успее, ќе следуваат нови избори.
Според правилникот, Турул нова шанса за избор ќе има во сабота. Меѓутоа, Турул, кој беше министер во претходната влада во петок има рочиште на кое може да биде обвинет и ставен во затвор поради бунт.