Бујар Османи: За нас сонцето и натаму ќе изгрева на запад
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019
Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, рано изутринава се упати кон Луксембург на Самитот на ЕУ, каде ќе се обиде да издејствува Македонија да добие почеток на преговорите, но упати порака со извесна доза на песимизам.
„На пат за Луксембург и Брисел, очи во очи со историјата, пред конечната одлука
Независно дали одлуката ќе биде денес или утре, дали ќе биде ДА или НЕ, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на запад“, порача Османи.
Инаку доцна синоќа не поминаа заклучоците на финското претседателство на вечерашниот состанок во Луксембург на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија. Ова значи дека за предлогот на Финска да се даде датум за почеток на преговори со Македонија, а во меѓувреме да се промени методологијата на преговарање на која инсистира Франција, ќе се расправа денеска на ниво на министрите за надворешни работи.