Бујар Османи: За дозвола директно кај Авзиу на мобилен
Објавено во: Економија 07 Април, 2020
Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, на својот профил на Фејсбук ги упати сите претпријатија кои се затекнати со новите мерки за ограничување на движењето да му се јават директно на државниот секретар на Министерството за информатичко општество и администрација Адем Авзиу и при тоа го објави и неговиот телефонски број.
„Компаниите, деловните субјекти кои ги исполнуваат условите за добивање дозвола за движење за време на полицискиотчас, директно може да се јавуваат кај државниот секретар во Министерството за информатичко општество - Адем Авзиу на тел број. 076 / 366-000“, објави Османи.
Полицискиот час од утре ќе почнува од 16.00 часот до 05 изутрина, а во текот на викендите полицискиот час ќе трае 24 часа.