БУЈАР ОСМАНИ: П.С. бројот на новозаразени е уште повознемирувачки
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2020
Претседателот на владиниот кризен штаб, Бујар Османи,
утрово преку пост на Фејсбук ги повика граѓаните да станат подисциплинирани и
да почнат да се однесуваат како да се позитивни на корона вирусот, со цел да
почнат да ги применуваат превентивните мерки.
Добро утро,
Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во
последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да
сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно
многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%
Не биди причина за смртта на најблиските
П.С. Денеска бројката е уште повознемирувачка!