Бугарските лекари ќе добиваат по 10 лева за секоја препишана доза на вакцина
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2021
Бугарија на лекарите ќе им плати по 10 лева или околу 5 евра за секоја регистрирана доза на вакцина против Ковид-19 кај своите пациенти, пренесува бугарската национална телевизија.
Ова стана јасно на состанокот помеѓу министерот за здравство проф.д-р Костадин Ангелов со учество на раководствата на Министерството за здравство и Медицинскиот синдикат.
Парите ќе им бидат исплатени на личните лекари кои работат во центрите за дијагностика и консултации, лекарите во медицинските установи, лекарите во мобилните центри за вакцинација и медицинските лица во регионалните здравствени инспекции.
Средствата ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Плаќањето ќе се одвива по запишувањето на вакцинацијата во електронски регистар.