Бугарскиот амбасадор ќе претстави плановите на Бугарија со европското претседателство

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018
Пред членови на дипломатскиот кор, меѓународни организации и пратеници, утре во Собранието на РМ, амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков ќе ги претстави програмата и приоритетите на претседателството со Бугарија со Советот на ЕУ.
На седницата, како што е најавено, ќе се обратат вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самјуел Жбогар.
Бугарија на 1 јануари го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија за наредните шест месеци. Програмата на претседателството на Бугарија вклучува околу 1500 состаноци и состаноци на највисоко ниво во Брисел и Стразбур. Македонија очекува почеток на преговорите со ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Познато кој ќе го организира одбележувањето на 1.000 години од Охридската архиепископија

Што ќе донесе новата средба Димитров - Коѕијас во Виена?

Груевски; Судењето повторно продолжува надвор од работното време

Ја тепал невенчаната сопруга, по што и го грабнал детето

Шекеринска: Важно е преговарачкиот процес со Грција да успее

(ВИДЕО) Змија снимена во студентскиот дом „Стив Наумов“
