28 Март, 2024
0.0240

Бугарски фудбалски клуб сака да се натпреварува во македонското првенство

Објавено во: Стил 24 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Навивачите на „Пирин“ од Благоевград, кои имаат големо влијание во својот клуб, побараа од Фудбалската федерација на Македонија прием во македонските фудбалски натпреварувања.

„Орлите“ испаднаа од елитната конкуренција во Бугарија по спорниот гол што ги чинеше пораз од 2:1 на домашен терен против Витоша од Бистрица во понеделникот. 

„Почитувани раководители на македонскиот фудбал, ние навивачите на Пирин Благоевград ве повикуваме да го прифатите Пирин во македонскиот фудбалски шампионат од следната сезона“, се вели во писменото барање од фановите на Пирин до Фудбалска федерација на Македонија, додавајќи дека тие ќе прифатат место во кој и да е ранг од лигата. 

„Во последните 20 години Пирин е намерно изложен на репресија од страна на БФС“, стои во писмото на навивачите. 

Во златното време на клубот од градот оддалечен 20 километри од границата со Македонија четири пати има играно во финалето на Купот на Бугарија и се натпреваруваше во европските купови на УЕФА.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи