Добивај вести на Viber
За да ги зголеми буџетските приходи за 2013 Бугарија планира да воведе даночна стапка од десет отсто на приходот од каматите по основ на депозити, изјави денеска бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков.
- Бугарија е единствена членка на ЕУ која не собира даноци од овој вид приходи, рече Ѓанков.
Вкупните депозити на банкарскиот сектор на Бугарија до 31 јули достигнаа рекордни 34,2 милијарди лева (17,5 милијарди евра), покажуваат податоците на Бугарската национална банка (БНБ). Аналитичарите тврдат дека во последните неколку години е забележан се поголем број луѓе кои оставиле пари во банките поради неизвесноста во поглед на економијата, како и поради атрактивните каматни стапки од околу пет отсто. Ѓанков денеска изјави дека новите даноци ќе ги погодат богатите граѓани.