БУГАРИЈА: Нема да се затворат хотелите каде ќе се појави заразен со Ковид 19
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Мај, 2020
Хотелите во кои е утврден случај на турист заразен со Ковид 19 нема да бидат затворени. Во такви ситуации, работи алгоритам, а пациентите ќе се изолираат во посебна просторија, објави БНТ.
Ова го изјави во Варна министерката за туризам Николина Ангелкова, која се состана со претставници на туристичката индустрија, со градоначалникот на градот Иван Портних, со регионалниот гувернер Стојан Пасев, со претставници на контролните институции.
Министерката Ангелкова истакна дека сите упатства објавени од министерството се однесуваат на она до денес и во зависност од одлуките на европските институции и состојбата со епидемиската состојба во земјата, може да се изменат.фото БГНЕС