29 Март, 2024
0.0272

Бугарија-најсиромашна држава во ЕУ и една од земјите во светот со најбрза депопулација: „Младите бегаат, овде е хаос“

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Празни ходници и само осум доенчиња во креветчиња. Одделот за акушерство во бугарскиот град Габрово ви кажува се што треба да знаете за драстичниот пад на наталитетот во Бугарија.

„Овде не останаа многу луѓе во репродуктивна возраст. Младите заминаа во големите градови и во странство во потрага по работа“, изјави педијатарот Бистра Камбурова (68) за АФП.

Корупција, немање перспектива и политички кризи

Габрово, стиснато во подножјето на Балканските планини, е симбол на намалувањето на бројот на жители во најсиромашната членка на Европската унија.

Некогаш познат како „бугарски Манчестер“ поради својата силна индустрија, градот изгубил половина од своите жители од 1985 година. Тоа е добро позната приказна низ целата земја.

Корупцијата, немањето перспектива и спиралата на политички кризи, поради што во недела се одржуваат четврти општи избори во последните 18 месеци, ја избркаа разочараната младина.

Аналитичарите предвидуваат дека изборите повторно ќе резултираат со фрагментиран парламент во кој ниту една партија нема да може да формира силна коалиција.

Бугарија за десет години загуби десетина од своите жители и е меѓу земјите во светот со најбрза депопулација.

Сега има 6,52 милиони жители во споредба со речиси 9 милиони во 1989 година. А четвртина од населението е над 65 години.

Пустина

Индустриите во Габрово вработуваа илјадници работници за време на комунизмот, пред фабриките да бидат напуштени поради стечај и приватизација.

Сега е регион со најнизок наталитет и најненаселени села во државата.

„Овде почнав да работам во 1985 година. Тогаш бројот на раѓања сè уште беше доста голем - околу 1.000 новороденчиња годишно“, вели докторката Камбурова, чии двајца возрасни синови се меѓу оние што го напуштиле Габрово.

„Но, фабриките работеа, работеа, работеа“, додаде таа.

Минатата година на месноста Габрово се родиле само 263 деца, кои ги чувала оваа енергична педијатарка, која продолжува да работи иако ја поминала старосната граница за пензионирање и за „мизерна плата“.

„Објаснувањето е едноставно – нема работа, нема млади, нема деца“, вели акушерката Маријана Варбанова.

Многумина од оние што останале со задоволство ќе си заминат.

„Во Габрово уживате во мир и чист воздух, но тоа е пустина во која може да се сретнете само стари луѓе“, вели 23-годишната Христијана Крастева, логопед која неодамна родила девојче.

Нејзиниот сопруг, кој работи како столар, се подготвува да замине во Британија во потрага по подобра иднина за своето семејство.

Стоејќи пред првото јавно училиште во Бугарија, основано во Габрово во 1835 година, гимназијалецот Иво Димитров исто така сака да замине во Западна Европа за да добие „квалитетно образование и нови хоризонти“.

„Тука е хаос“, рече тој, критикувајќи ја негрижата на политичката класа.

И покрај помошта од Брисел откако Бугарија влезе во ЕУ во 2007 година за да помогне во развојните проекти, транспортот и туризмот, на Габрово му требаат се помалку работници.

„Ќе биде потребно време за да се смени тој демографски тренд“, рече аналитичарот Адријан Николов од Институтот за пазарна економија во Софија.

Само 35 луѓе живеат во живописното село Заји од 17 век, на 25-ина километри од Габрово. Покрај мештаните, таму се населиле пензионери од Франција, Британија, Белгија, Русија, Италија и други земји привлечени од поевтиниот живот. Нема гласачко место, а селската продавница е затворена пред многу години бидејќи нема муштерии.

Решивме да пазариме заедно. Се снаоѓаме некако“, вели Марин Крастев, пензиониран електричар, чија ќерка одамна заминала во Германија.

77-годишникот еднаш неделно вози уште тројца пензионери од селото до најблиската продавница.

За да внесат малку радост во нивните животи, старите лица во текот на летото се вклучија во општинската програма наречена „Внуци на заем“, а во рамките на која младите доаѓаат во Заја да го запознаат животот на село.

„Им се радуваа на зајчињата, но и на локални домати и пиперки“, рече со насмевка претседателката на селскиот културен дом Бојана Бонева (75).


Извор: индекс.хр


Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува