18 Февруари, 2025
0.1398

Бугарија конечно доби нова влада, Жељазков нов премиер

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Коалицијата на ГЕРБ-СДС,БСП и „Ива таков народ“ изгласа нова редовна влада на Бугарија со 125 пратеници „за“, наспроти 114 против, додека воздржани немаше.За премиер е изгласан Росен Жељасков од ГЕРБ-СДС.

Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, седум изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада.

Во новиот владин кабинет, коалицијата ГЕРБ-СДС има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија пет, а Има таков народ ќе има четворица. Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.

„Бугарија мечтаеше за редовна влада која спроведува политики што ја подржуваат демократијата,  владеењето на правото, конкурентноста на нашата економија, безбедноста, одбраната и социјалните права на граѓаните, бидејќи земјата веќе подолго време е во политичка криза, криза на недоверба,што може да се надмине само со елиминирање на системските предуслови за неказнивост и „злоупотреба на власта“, рече Жељазков.

Состав на новата Влада на Бугарија:

Премиер – Росен Жељазков;

Вицепремиер и министер за иновации и раст – Томислав Дончев

Вицепремиер – Атанас Зафиров

Вицепремиер и министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов

Министерка за финансии – Теменужка Петкова

Министер за внатрешни работи – Даниел Митов

Министер за надворешни работи – Георг Георгиев

Министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов

Министерот за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов

Министер за одбрана – Атанас Запријанов

Министер за правда – Георги Георгиев

Министер за образование и наука – Красимир Валчев

Министер за здравство – Силви Кирилов

Министер за култура – ​​Маријан Бачев

Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов

Министер за животна средина и води – Манол Генов

Министер за економија и индустрија – Петар Дилов

Министер за енергетика – Жечо Станков

Министер за е-Влада – Валентин Мундров

Министер за туризам – Мирослав Боршош

Министер за млади и спорт – Иван Пешев.


Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА КАРПА КАЈ ДУБРОВНИК: Удри во автомобил во кој загина маж

СЕ УРНА КАРПА КАЈ ДУБРОВНИК: Удри во автомобил во кој загина маж

Милановиќ полага заклетва за втор петгодишен мандат - никој од хрватската влада не присуствува на инаугурацијата

Милановиќ полага заклетва за втор петгодишен мандат - никој од хрватската влада не присуствува на инаугурацијата

СО КОСОВСКИ ЗНАМИЊА ПОМИНУВАЛЕ НИЗ МИТРОВИЦА И ГИ ПРОВОЦИРАЛЕ СРБИТЕ: Полицијата уапси 11 луѓе

СО КОСОВСКИ ЗНАМИЊА ПОМИНУВАЛЕ НИЗ МИТРОВИЦА И ГИ ПРОВОЦИРАЛЕ СРБИТЕ: Полицијата уапси 11 луѓе

ВУЧИЌ: Никогаш не сум запалил цигара, не сум се напил кафе и само еднаш сум се степал

ВУЧИЌ: Никогаш не сум запалил цигара, не сум се напил кафе и само еднаш сум се степал

УАПСЕН Е ЧОВЕКОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ВУЧИЌ: Што му пиша на претседателот?

УАПСЕН Е ЧОВЕКОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ВУЧИЌ: Што му пиша на претседателот?

ФАБРИКА И ЗА ВАКЦИНИ И ЗА ЗМИСКИ ПРОТИВОТРОВ: Силна инвестиција во Хрватска

ФАБРИКА И ЗА ВАКЦИНИ И ЗА ЗМИСКИ ПРОТИВОТРОВ: Силна инвестиција во Хрватска

Онлајн измамите стануваат „професија“ во Словенија: Свртени 30 милиони евра

Онлајн измамите стануваат „професија“ во Словенија: Свртени 30 милиони евра

Сосед прогласи крај на ковид пандемијата

Сосед прогласи крај на ковид пандемијата

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПЕПКО! Постои ризик од задушување, веднаш вратете го!

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПЕПКО! Постои ризик од задушување, веднаш вратете го!