Бугарија ја повлече наредбата граѓаните да носат медицински маски
Објавено во: Балкан 01 Април, 2020
Само еден ден откако беше донесена наредба граѓаните задолжително да носат медицински маски на јавни места за да се заштитат од ширењето на коронавирусот, бугарската влада ја повлече. Министерот за здравство Кирил Ананиев го стори тоа, откако стотици луѓе поднесоа тужба против наредбата, тврдејќи дека нема доволно медицински маски достапни за јавноста. Тужителите тврдат дека законот не треба да се воспоставува сè додека владата не може да издаде доволно маски.
До сега во соседна Бугарија има речиси 400 луѓе заразени со Ковид-19, а починаа 8 пациенти.
Инаку, вчера Светската здравствена организација упати апел дека носењето медицински маски е штетно за здравите луѓе. Сметаат дека тие се потребни еднинствено за болните и за медицинските лица.