Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра
Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2019
Министерката за финансии Нина Анчеловска рече дека Буџетот за 2020 ќе биде реален буџет кој ги лоцира приоритетите и ги реалоцира парите на граѓаните таму каде ќе дадат најдобри резултати.
Буџетот за идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра. Расходната страна ќе има раст раст од 5 отсто во однос на годинава. Или 32,4 отсто од БДП е расходната страна, приходната 30 отсто. Дефицит ќе биде 2,3 пониско од БДП, или понизок од 2018 година. Тоа ќе го стабилизира државниот и јавниот долг, рече Ангеловска.
Ќе се вложува во капитални инвестиции, патишта, водоснабдување. Парите од ТАВ, 35 милиони евра од аеродромот Штип, ќе бидат за водоводи и канализации. Подобрување на животната средина. Модернизација на железничка инфраструктура. Со заем од Светска банка изградба и реконструкција за проектот за локални патишта, во износ од 70 милиони евра, рече претходно премиерот Заев.