23 Април, 2024
0.0254

БУЏЕТОТ, СЕПАК, НЕ СЕ ПОЛНЕЛ ТОЛКУ ЛОШО - приходите паднаа, но не колку очекувањата

Објавено во: Финансии 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Резултатите се подобри од очекуваното, и тоа радува, рече на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска. Според неа, тоа укажува дека закрепнувањето е почнато и може да оди и побрзо од очекувањата.

На приходната страна, кумулативно од почетокот на годината се уште се забележува пад. Сепак тој е значително ублажен, а кај одредени давачки се забележува дури и висок раст во споредба со истиот период минатата година.

„Во периодот јануари - јуни, вкупните буџетските приходи се остварени на ниво од 44 отсто од ребалансот, или во износ од 87,4 милијарди денари. Ова е за 9 отсто помалку во однос на истиот период лани. Процентот на остварување во однос на планот, е речиси ист како и минатата година. Тоа укажува дека е задржана динамиката на наплата на приходите. Мора да се напомене дека реализацијата на вкупните приходи во јуни е значајно подобра од очекувањата, реализацијата на приходите во јуни е за 9,6 отсто пониска во однос на јуни минатата година (додека во сценариото бевме подготвени за 20 отсто пониски)“, рече Ангеловска.

Според неа, даночните приходи во првата половина од година бележат пад од 13 отсто на годишно ниво и изнесуваат 47,3 милијарди денари. Досега се реализирани 44 отсто од планот, што е речиси непроменета реализација во однос на план споредено со лани. Само за јуни, согласно сценариото од ребалансот проекциите беа во надолна линија со очекуван пад од нешто над минус 20 отсто, додека остварениот пад е минус 14,4 отсто.

Ова е позитивна разлика од околу 700 милиони денари, рече Ангеловска, и додаде дека по падот од 31 отсто и 29 отсто во април и мај респективно, се забележува позитивно придвижување и подобрена наплата кај даноците. 

Кај приходите од ПДД има позитивни движења. Во второто тримесечје  движењата по месеци се -11,7% (април), -25,7% (мај), за во јуни да биде регистрирана позитивна стапка 1,7%. Ова во голем дел се должи на мерките на Владата за помош во исплата на плати за фирми погодени од КОВИД.

ДДВ исто така има позитивно движење. Во април и мај падот кај ДДВ беше -43,5% и -33%, додека во јуни е -7,5%. Негативните стапки опаѓаат во второто тримесечје . Повратот на ДДВ исто така се одвива непречено и фирмите го добиваат повратот во регуларна динамика. Во услови на криза, повратот на ДДВ во првото полугодие од 2020 е повисок за 660 мил.ден. спредено со истиот период лани или 6% повеќе. Ублажувањето на падот на приходите од ДДВ,  меѓу другото се должи и на спроведените мерки за поддршка на личната потрошувачка. 

Се забележува позитивен тренд кај придонесите кои растат со стапка од 8% или вкупно досега изнесуваат 31,7 милијарди денари. Ова е добар сигнал за движењата на пазарот на труд. Стапката на раст покажува дека мерките за поддршка за зачувување  работните места во борба против КОВИД-19 кризата даваат резултат. Растот од 12% на овие приходи, покажува одлична респонзивност на стопанството на преземените мерки,.  Во април и мај стапките беа 1,5% и -0.9%, што значи и тука има позитивни движења видно од месечните податоци.

Расходната страна во првото полугодие бележи раст на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против КОВИД-19 кризата. Вкупните расходи изнесуваат 113 милијарди денари, што е зголемување од 9,9% на годишно ниво или 10,2 милијарди денари (46,7% од буџетираните расходи). Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од КОВИД во износ од околу 5,4 милијарди денари (88 милиони евра)

„Дефицитот во буџетот во првото полугодие е остварен во износ од 25,9 милијарди или 3,8% од БДП, и е согласно проекциите, односно се одвива согласно динамиката која ја планиравме“, рече Ангеловска.

И покрај предизвиците со кои се соочува македонската екномија, во услови на справување со КОВИД, извршувањето на буџетот се одвива по план, а ликвидноста е обезбедена, нагласи првата финансиерка.

„Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови: Вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарување кон буџетските коирсници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данок. Тука се и мерките за КОВИД, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Останува обврската и одговорноста на државата да ги обезбеди и испорачува јавните добра и услуги до сите, особено сега, во овие тешки времиња. Очекуваме и во третиот и четвриот квартал од годината постепено опоравување на домашната економија, кое ќе биде поддржано од реализација на третиот сет на мерките наменети за заживување на економската активност“, рече Ангеловска.

Според неа, во ваква ситуација задоволството е релативна работа и се базира на очекувањата. 

„Непредвидливоста на оваа криза беше главна одлика. Презедовме мерки, донесовме ребаланс, приходите беа намалени за 25 отсто. Позитивно е што има раст и позитивни придвижувања кај данокот на личен доход и кај придонесите, кај ДДВ нема пад, што покажува дека има придвижување на економијата. Тоа уште повеќе го очекуваме со домашната платежна картичка. Може да биде и полошо, ние имаме позитивни придвижувања. Ова говори дека добросе справуваме и мерките даваат резултати, тоа радува. Ако се случи втор шок, ние сме подготвени да одговориме“, нагласи Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија