23 Април, 2024
0.0267

Буџетот на Комсија на 25 ноември, опозицијата ќе „нападне“ со амандмани

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го „нападне“ предложениот буџет за идната година со голем број амандмани, дознава Фактор. Според нашите сознанија, ќе бидат поднесени меѓу 300 и 400 амандмани на владината верзија за тоа како идната година треба да изгледа националната каса.

Точната бројка амандмани ќе се знае во текот на денешниот ден, кога, според нашите информации, најголемата опозициска партија планира да ги направи последните доусогласување на корекциите што ќе ги предложат на буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме, годинава најмногу ќе се концентрира на ниските капитални инвестиции, за кои Владата идната година предвидува сума од 383 милиони евра, или, како што велат, целосниот недостиг од капитални инвестиции. 

„Со амандманите ќе бараме за капитални инвестиции да се издвојат поголеми суми, а парите за таа намена да се префрлат од високо предвидениот износ за договорни услуги, како и од другите непродуктивни трошоци што ги бара власта“, велат од опозициската партија. 

Власта минатата година првично предвиде сума од над 400 милиони евра за капитални расходи, но со оглед што постојано има нивно потфрлање, реши оваа година да ги проектира на, како што наведе, реални основи.

Инаку, матичната собраниска Комисија за финаснсирање и буџет расправата за овој најзначаен економски документ планира да ја почне на 25 ноември, односно од понеделник идната недела.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, вообичаено за расправа на Комисијата за буџет на пратениците им се даваат на располагање 10 дена, од кои пет за општа дискусија, а пет за расправа и гласање по амандманите. 

Според нашите сознанија, пак, веќе на 16 декември е предвидено предлог буџетот за идната година да се најде на пленарна седница на Собранието, каде пратениците имаат на располагање уште пет дена да дебатираат, а потоа и да гласаат за националната каса. 

Буџетот за идната година е предвидено да тежи 3,9 милијарди евра, што е најголем буџет досега, а се базира на планиран раст од 3,8 отсто, и буџетски дефицит од 2,3 проценти од БДП.

( Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска