26 Април, 2024
0.0267

Буџет за 2019-та: Повисоки плати, социјална пензија и повеќе капитални инвестиции

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber


Повисоки плати за лекарите специјалисти за 10% од јануари 2019 година и за 5% повисоки плати за вработените во здравството, образованието, градинките, одбраната, државната администрација, полицијата и правосудството од следниот септември, предвидено е во предло-буџетот за 2019 година. Според официјалниот документ, Владата се обврзува да потроши многу повеќе за капитални инвестиции по тоталното промашување оваа година, кога на крај мораше непотрошените средства да им ги додели на општините за да си го намалат долгот. Следната година ќе бидат исплатени и првите социјални пензии за старите лица кои немаат доволно стаж за редовно пензионирање.

- Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е најдобрите лекари, граѓаните да ги бараат во јавното, а не приватното здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги за сите. Сакаме да ги мотивираме здравствените работници. Знаеме дека работите не се менуват од денес за утре, но мора да се започне. Ние започнавме оваа година и продолжуваме посилно во 2019 година. Во Буџетот за 2019 година имаме обезбедено и средства за покачување на платите во образованието, како и вработените во градинките и детската заштита. Со цел градење на поефикасна и помотивирана јавна администрација планирано е покачување на 5% на платите на администрацијата, од септември 2019 година. Планирана е и реформа на јавната админстрација во 2019 година. Целта е да се подобрат јавните услуги. Јавната администрација ќе биде клучен носител на преговорите за присапување кон ЕУ и НАТО - рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во Буџетот е предвидена реформа во системот на социјалната заштита преку воведување на Минимален гарантиран приход и Семеен пакет на права. Со ова се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојните 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства. Предвидено е и воведувањето социјална пензија која ќе опфати околу 6.000 лица кои имаат барем еден работен ден стаж и наполнети 65 години и која ќе изнесува 40% од просечната исплатена пензија.

- Се воведува образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца. Новиот систем на социјална и детска заштита има за цел најголема помош да им се пружи на најранливите категории на граѓани. Неговата имплементација ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани од сиромаштија. Паралелно, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на овие категории на граѓани во пазарот на труд. Воведувањето на реформиран систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година значи обезбедување на дополнителни 2,2 милијарди денари по овој основ - рече министерот за финансии.

За капитални проекти предвидени се 25,7 милијарди денари во Буџетот, во оваа сума не се вклучени поголем дел од патиштата, предвидени во буџетот на Јавното претпријатие за патишта. Инвестициите во патна и железничка, комунална и енергетска инфраструктура се повеќе од 40% од вкупните планирани капитални расходи во Буџетот за 2019 година. Како позначајни проекти се железничката пруга на Коридор VIII - делниците Куманово - Бељаковце и Бељаковце - Крива Паланка, реконструкција на железничката пруга на Коридор X, патната делница Градско - Дреново, реконструкција на локални патишта, интензивирање на активностите околу првата фаза од Националниот гасовод делница Штип – Неготино - Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар, изградба на водоводни и канализациони системи на општините и други проекти.



Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија