Бучковски: Изгубена е една битка, но не и целата војна
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2020
Стратешка грешка е ветото на Бугарија кон Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави поранешниот македонски премиер, Владо Бучковски, во специјалното интервју за бугарската ТВ Европа.
„Се надевавме дека европска Бугарија ќе го европеизира Балканот, но за жал, видовме балканизација на Европа. Говор на омраза во Македонија има, но тој не доаѓа од владејачката партија, туку од опозицијата и нејзините медиуми“, истакнал Бучковски.
Според него, има политичари од Бугарија кои го злоупотребуваат македонското прашање, што ги попречува билатералните односи.
„Изгубена е една битка, но не и целата војна. Нема логични причини за одложување на одлуката за почеток на преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Договорот мора да успее“, вели Бучковски.
Бугарија вчера ги блокираше македонските преговори.