БРОЈКАТА НИКОГАШ НЕ БИЛА ПОГОЛЕМА: Се повеќе Германци работат со скратено работно време
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Расте бројот на Германци кои работат со скратено работно време.
Во земјата 7,3 милиони луѓе работеле со скратено работно време во мај, објави економскиот институт ИФО.
Оттаму наведуваат дека оваа бројка никогаш не била поголема.
„За време на глобалната финансиска криза, бројот на работници со скратено работно време достигна врв во мај 2009 година, кога беа погодени нешто помалку од 1,5 милион луѓе“, изјави експертот за пазарот на трудот Себастијан Линк, наведува институтот ИФО во соопштението доставено до „Танјуг“.
Скратеното работно време се применуваше скоро во сите економски области.
Германија е во рецесија поради пандемијата.