Британскиот премиер Џонсон позитивен на коронавирус
Објавено во: Свет 27 Март, 2020
Во видео кое го постираше на Твитер пред некое време, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон потврди дека има благи симтоми и дека се тестирал по што се потврдило дека е позитивен на коронавирус.
„Имав температура и кашлање во изминативе 24 часа и по совет на доктор, се тестирав и се покажа дека сум позитивен, напиша Џонсон.
Џонсон рекол дека е во изолација и работи од дома и дека благодарение на технологијата и на таков начин ќе ја води националната битка против кооронавирусот.