19 Април, 2024
0.0289

Британската сертификација CPD на програмите на Creative Hub

Објавено во: Интервјуа 29 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Creative Hub, центарот за неформално образование во Северна Македонија, овозможи уште една дополнителна серификација по светски стандарди за дел од своите програми.

Хабот веќе издава додаток на диплома со еквивалент на ЕКТС кредити кои што можат да се искористат при продолжување и надградување на формалното или неформалното образование или пак при вработување.

Денес, фокусот го задржуваме на нивните дипломи но зборуваме за новитетот кои тие неодамна го вметнаа - престижна британска сертификација.

Маја Орозовска специјалист за дигитални продажни стратегии на глобално ниво и дел од тимот на Creative Hub, зборува со нас за важноста на нивниот новитет - CPD сертификацијата и како истата е значајна за професионален развој на индивидуата како и за организацијата која ја претставува. Последното работно искуство го стекнува во маркетинг агенција во Велика Британија и по неколку годишно работење решава дека сака да се посвети на неформалното образование во Македонија.

Орозовска, што беше пресудно за Вашата одлука да се вратите на нашите простори, или поконкретно да станете дел од Creative Hub?

Орозовска: Причината е едноставна. Неформалното образование игра огромна улога во мојот живот и сум поборник за континуиран раст и професионален развој. Creative Hub во своето портфолио нуди голем број на курсеви и Академии. Во рамки на сите програми исклучително многу се обрнува внимание на можноста студентите да работат на практични проекти. Се организираат голем број на хакатони и студии на случај што им овозможува на студентите детално разработување на своите идеи. Во овој период, како резултат на хакатоните кои се организираат на Академијата за човечки ресурси, студентите развија 4 решенија - “Браво колега”, “Оцени се сам”, алатка за onboarding, како и алатка за пресметка на финансиските KPIs по департмани, за кои подготвуваме апликација во ФИТР со цел да направиме портал кој ќе биде местото каде секој специјалист за човечки ресурси ќе може да ги превземе и користи. Отсекогаш ме фасцинирале ваквите хабови низ светот и бев почестена кога ја добив поканата и јас да бидам дел од тимот.

Дали мислите дека неформалното образование треба да стане дел од секој кој има потреба за надградба на своето знаење или пак за креирање на дополнителни вештини за една индустрија?

Орозовска: Дефинитивно. Континуираното професионално усовршување е важно затоа што Ви овозможува да продолжите да бидете конкурентни во Вашата професија и да се истакнете. Тоа е постојан процес на развој во текот на кариерата на еден професионалец и е единствениот начин за поголем успех и напредок..

Да поразговараме малку за досегашните дипломи кои се издаваат во Creative Hub. Што ги прави поразлични од другите?

Орозовска: Дипломите на Creative Hub имаат додаток на диплома изработен по моделот на Европската комисија. Додатокот на диплома го содржи вкупниот број на ислушани часови на Академијата и еквивалент на поени согласно Европскиот кредит трансфер систем. Со тоа, дипломите на Creative Hub се светски препознаени и придонесуваат за полесен упис при натамошното професионално образование.

Уште еден не помалку значаен сертификат со кој сме горди и не можам а да не ја искористам приликава и да го споменам е и сертификатот за SHRM кој е дополнителен сертификат што се издава со дипломата на Академијата за човечки ресурси. Да надополнам, поседување на SHRM сертификат во HR секторот укажува дека кандидатот или вработениот е експерт во областа на човечки ресурси и поседува високи квалиикации во струката.

Нешто најново и најактуелно кај нас е светската CPD сертификација. Continuing professional development или во превод континуиран професионален развој е светски позната сертификација која е присутна во сите области и индустрии во светот. Creative Hub ќе издава дополнителен CPD сертификат на Академиите за Дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн.

Дали можете да ни објасните што е всушност CPD сертификација? Што претставува и кои се придобивките од истата?

Орозовска: CPD сертификацијата е процес со кој се квантифицира вредноста на определена програма од неформалното образование. Секоја програма за неформално образование се карактеризира со определена комплексност и и се припишува определен степен на сертификација. На тој начин Вие може да следите и да правите разлика помеѓу повеќе различни програми присутни во Вашата професја или областа од Вашиот интерес и да направите подобар и поквалитетен избор.

Исто така, Ви овозможува полесно да го препознаете степенот/нивото на своите вештини и да согледате како се вклопувате во Вашата фела, т.е. дали можеби би Ви било корисно да продолжите да се надградувате во еден конкретен правец или пак во моментот го поседувате целосното искуство во дадената професија согласно моменталните трендови.

Во поново време, многу професии го наметуваат неформалното образование како обврска за оддржување на определена законска и формална сертификација. На пример, во многу земји професионалци од определни сертифицирани професии мораат да ислушаат определен број на CPD сертифицирани обуки во текот на една година. Ваквиот начин на континуирана едукација веќе е дел и од многу професии во нашата земја. 

Како можете да ја искористите CPD сертификацијата во странство?

Орозовска: CPD е присутна во многу држави во светот. Ваквата сертификација Ви овозможува да се запишете на многу престижни универзитети и да го докажете своето предзнаење. Исто така, ви овозможува поголема конкурентност во професијата во која работите и е показател за Вашата амбиција, ентузијазам и Вашите вештини.

Дали сметате дека неформалното образование во нашата земја е доволно квалитетно?

Орозовска: Да, тимот на Creative Hub отсекогаш бил посветен на квалитетно теоретско но и практично образование. Веруваме дека сме на добар пат. Доказ за тоа се големиот број на успешни приказни. Ние имаме студенти кои се запишале на престижни универзитети како Miami Ad School, Универзитетот во Љубљана, Тор Вергата во Рим и други.

Од друга страна пак, потврдата за нашиот квалитет се и примерите на странски студенти кои стануваат дел од Creative Hub бидејќи веруваат во квалитетот на програмите и ја препознаваат вредноста која ја даваме, имаат потреба од надоградување на своите вештини и веруваат во концептот на доживотно учење.

Дали во блиска иднина треба да очекуваме уште новитети од Creative Hub?

Орозовска: Да, секако. Ние во Creative Hub неуморно работиме на постојано обновување на содржините на Академиите вметнувајќи ги најновите трендови, обуки и алатки. Во моментот работиме и на развој на нови курсеви и Академии кои како вештина се новина во нашата земја и кои ќе им овозможат конкурентност на нашите професионалци на глобално ниво. Засега не би откривала повеќе, но би ми било драго уште еднаш да поразговараме на оваа тема во моментот кога програмите ќе бидат подготвени за реализација.


Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“