БРИТАНИЈА СЕПАК НЕ ЧЕКА ПОСЛЕДЕН ЧАС: Познато што му прати Џонсон денес на Брисел за Брегзит
Објавено во: Свет 19 Септември, 2019
Британската влада денес соопшти дека на Европската унија и пратила пишувани предлози за измена на отфрлениот договор за уреден Брегзит.
Наведено е дека на Брисел му пратиле „доверливи технички нон-пејпери кои ги одразуваат идеите кои Велика Британија ги преглага“.
Нон-пејперите се документи за кои треба да се разговара пред формалните предлози.
Иако британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека неговата земја напорно работи на постигнување договор, ЕУ наведува дека и понатаму чекаат на конкретни британски идеи.
Британското соопштение доаѓа откако финскиот премиер Анти Рин рекол дека Британија мора да поднесе предлози до крајот на септември или „се е готово“.
Лондон наведува дека нема да почитува „вештачки рок“ туку дека ќе прати формални поднесоци „кога ќе биде подготвен“.
Британија би треба да излезе од ЕУ на 31 октомври.