23 Април, 2024
0.0540

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупниот број на работоспособно население на Западен Балкан енамалено за 400 илјади луѓе во последните 5 години, а одливот на квалификувани кадри е најголемиот предизвик во оваа деценија за Западен Балкан – изјави денеска во Сараево генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

Зборувајќи на регионална конференција посветена на намалување на сивата зона на вработени што ја организира РСС во соработка со Меѓународната организација на трудот (МОТ), Брегу појасни дека оваа бројка се должи на негативниот природен прираст, но и на забрзаните процеси на миграции.

„Според Светска банка речиси половина од компаниите во регионот, 49, 2 отсто, се натпреваруваат неформални компании. Стапката на неформалното вработување во регионот се движи од 18 до 30 отсто“, рече Брегу

Таа додаде дека според официјалните податоци „во изминатите 7 година на Западен Балкан се отворени повеќе од 700 илјади нови работни места и дека стапката на невработеност во целиот регион е намалена од 23 на 16 отсто...Меѓутоа, не сите ги почувствуваа предностите на овие економски подобрувања на пазарот на трудот во изминатата деценија“.

На регионалната конференција на која учествуваат министрите за труд и социјална политика од земјите од Западен Балкан беше претставен проектот ЕСАП2 – Платформа за вработување и социјални прашања, што го спроведува РСС со помош на МОТ и со финасиска поддршка од ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

Кој заработи 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко за католички Велигден?

Кој заработи 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко за католички Велигден?

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!