25 Април, 2024
0.0276

БРЕГОТ НА ЈАПОНИЈА ПОГОДЕН ОД ЦУНАМИ, ВО ОПАСНОСТ И ХАВАИ И АЛЈАСКА: Ерупцијата на подводен вулкан направи хаос во Пацификот

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Делови од Јапонија беа погодени од цунами предизвикано од ерупција на подводен вулкан во близина на архипелагот Тонга, пишува Japan Times. Според весникот, цунамито ги погодило бреговите на регионот Тохоку на островот Хоншу до островот Окинава. Брановите достигнале висина и над три метри.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување дека очекува бранови високи до 3 метри да ги погодат островите Амами и Токара. Предупредувања се издадени и за пристаништата Нагоја и Јокаичи во префектурата Мие, пренесува Sputnik International.

На цивилите кои живеат во споменатите области, како и на сите источни брегови на Јапонија, им беше препорачано да се држат подалеку од плажите заради нивна безбедност.

Ерупцијата на подморскиот вулкан предизвика евакуација во Кралството Тонга и издавање предупредувања до западните држави на САД. На западниот брег на земјата, како и на Алјаска и на Хаваите, им било кажано дека може да бидат погодени од бранови цунами со неодредена висина. Националната метеоролошка служба на САД побара од луѓето кои живеат во потенцијално опасни области да се држат настрана од плажите, брегот и пристаништата.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек