25 Април, 2024
0.2501

БРАТОТ НА УБИЕНИОТ РИБАР ТВРДИ: Немаме никакво земјиште во близина на Смилковско езеро, еден ден ќе го дознаеме нарачателот

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Немаме земјиште во близина на Смилковско езеро. Јас ги имам документиоте од моите родители за целиот имот што го поседуваат, такво зем,јиште нема, ниту јас пшаметам дека некогаш сме имале такво земјиште. 

Ова во вечерашната емисија Во Центар, во трогателно интервју, го зборува Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Во интервјуто се разговара за новите сознанија, и колку се тие точни, поврзани со мотивите и нарачателите на оваа грозоморно петкратно убиство кое се случи пред девет години.

Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост. 

Фактор пренесува дел од ова интервју.

„Кај мојот брат има убиство без сведоци. Претпоставувам дека тоа е некоја голема игра, голема политика“, вели братот на Стевковски.

Дали наредниот или понаредниот ден, како што раскажува во интервјуито на Во центар, побарал да го види убиениот брат во капела. 

„Беше во една соба. Беа сите четири дечиња и мојот брат, беа ставени во лимени сандуци, и покриени со бел чаршав. Тогаш го видов брат ми, но не можев да го познаам, бидејќи сликата беше страшна. Половина глава ја немаше... Од пукањето... Левото око го немаше, нагмеченост... Не можев да го препознаам. Тоа значи дека од блиску пукано, дали со пиштол или со калашњиков, јас мислам со 762. Го познав по тетоважата на левата рака, откако провев го тргна чаршавот. Ги видов и телата на дечињата, кај дел од нив видов изживување, горени со цигари по рацете и нозете. 

Одлучивме со другиот брат, кој е сега покоен, да го закопаме во затворен сандак, да го паметат како што го знаат роднините и пријателите. Не дозволивме ни мајка ми и татко ми да го видат. Го закопавме со слика на сандукот“, со солзи раскажува Стевковски. 

Не знам како да ги наречам убијците со поинаков збор освен монструм. 

Тој вели дека за петкратното убиство сигурно има и мотив и нарачател. 

„Нарачателот не го знаеме, а мислам дека еден ден ќе го дознаеме, дај боже да е што побргу да го дознаеме, ќе ни олесни на сите“, вели братот на убиениот рибар. 

На прашањето дека имаше објава на фејсбук, каде приказната се прикажува во поинакво светло, односно ако досега беше дека се атакувани децата, сега е дека метата бил рибарот, а децата биле во погрешно време на погрешно место, а сега има приказна дека семејството на рибарот, наводно, биле сопоственици на едно земјиште кај Смилковско езеро и дека наводно таму треба да се гради одредена луксузна населба и дека само неговиот покоен брат не дал согласност и затоа е нарачано негово убиство, Стевковски со дециден одговор.

„Откако сум роден не паметам дека имаме такво земјиште на тоа место, ниту таму сме оделе да работиме. Немаме никаква врска со Смилковско езеро. Од наша страна, ние немаме никаква врска со Смилковско езеро, да имавме, како деца ќе сме оделе таму. Се што имаат моиоте родители имот, јас го имам во документите. Тука не постои никаде Смилковско езеро. Нема ништо.

Најблиску земја до тоа место имаме лозје, 500 прачки, но тоа е авионско мерење оддалеченост три километри од Смилковскио езеро“, вели братот на убиениот рибар Цветан Стевковски.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи