29 Март, 2024
0.0263

Бранко Азески: Костал е надеж за охриѓани

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

КОСТАЛ се наоѓа во селото Косел, кое е најпознато по две нешта:

- Вулканот и комплексот на ЕМО Охрид – гордост на Охридскиот бизнис.

Не знам зошто денешниот КОСТАЛ како вулкан се издигнува над урнатините на ЕМО Охрид и им дава надеж на Охриѓани и на регионот за економски напредок после долги години. Тоа е значајна работа, исто како и појавата на ЕМО на почетокот на 70-те години, кога Никола Матлиески – Пашата, легендарниот бизнис лидер од Охрид, тогашната општинска депонија за ѓубре ја претвори во еден модерен технолошки парк со 3.500 вработени, со извоз од преку 100 милиони (САД) долари со инфраструктура, паркови и услови за вработените кои одговараа на највисоките стандарди. После триесет години, КОСТАЛ и Виктор Мизо ја враќаат надежта, дека тука покрај вулканот ќе израсне нешто уште поголемо. Но, и ние во Стопанската комора на Македонија имаме надеж дека Виктор Мизо со поддршка на менаџментот на КОСТАЛ ќе направи нешто поголемо и за целата држава, особено во организирањето на фирмите со напредни технологии.

КОСТАЛ е светски позната компанија за производство на електроника, мехатроника и софистицирани делови за автомобилската индустрија. Својата успешна приказна ја започнува во 1912 година како семејна фирма од Германија. На почетокот од седумдесеттите години од минатиот век го интернационализира производството отварајќи ја првата фабрика во Мексико, а во 1978 година започнува со производство на електроника за автомобили. Денес компанијата е присутна на 5 континенти во 21 држава со преку 20.000 вработени.

На глобално ниво Костал во изминатата деценија, во годините после економската криза, бележи исклучителен раст. Во 2008 година обртот во светски рамки на автомобилскиот дел на Костал изнесувал нешто над една милијарда евра, а во 2019 година тој е изнесува 2,3 милијарди евра.

Костал Македонија ДООЕЛ Охрид е основана во 2015 година, а денес компанијата се смета за една од најбрзорастечките членки на Стопанската Комора на Македонија со високо напредно технолошко производство. До сега, во погонот во Охрид се инвестирани над 40 милиони евра.

Оваа компанија, произведува електронски и мехатронски продукти за автомобилската индустрија – електронски автоматски менувачи, кровни модули, прекинувачи и управувачки модули за автомобилските брендови: "BMW“, „Daimler“, „Porsche“, „Rolls Royce“ ,„Tesla“, „Аudi“, „Volkswagen“, „Seat“ и „Skoda“.

Со годишен приход од над 38 милиони евра и 550 вработени, Костал Македонија веќе има сериозно влијание на локалната економија.

Плановите на компанијата се до 2025 во Македонија да се реализира производство од околу 300 милиони евра годишно, со што Костал Македонија станува една од трите најважни производствени локации на групацијата.

Очекувањата на менаџментот, се од моменталните 550 вработени во наредните три години бројот да надмине 1.000 вработени со дополнителни инвестиции од над 40 милиони евра.

Костал Македонија е членка на Комората од 2017 година. Костал е еден од главните иницијатори и основач на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство во рамки на Советот на странски инвеститори.

„ Нашето искуство од досегашната соработка со Стопанската Комора е навистина позитивно. Особено сме задоволни од односот на Комората, не само кон нас како компанија присутна во земјата, туку и нивниот однос кон највисокиот менаџмент на групацијата, често присутен во Охрид.

Со оглед на турбулентните случувања во поширок општествен и економски контекст, сметаме дека Комората, прераснува во сериозен чинител во економските процеси и катализатор на промените.

За реализација на развојните планови на една компанија секогаш е потребен лојален партнер кој поседува техничко знаење, разбирање, желба и реална можност да Ве поддржи на тој пат. Таков партнер во земјата, најдовме во Стопанската Комора на Македонија. Овој потенцијал го согледоа и другите странски инвеститори присутни во земјата со кои соработуваме. Неспорно е дека заедно сме секогаш посилни. Престојат активност на Асоцијацијата од кои очекуваме конкретни, реални резултати и поддршка од државата, вели Виктор Мизо, генерален менаџер на Костал Македонија ДООЕЛ Охрид.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие