22 Јануари, 2025
0.0297

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Објавено во: Економија 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ја посети хидроелектраната „Тиквеш“ за да се информира за моменталната состојба со хидропотенцијалите, техничката подготвеност и предизвиците поврзани со водостојот во земјата.

Нивото на големата вештачка акумулација во земјава, Тиквешкото езеро, останува далеку под потребното ниво. водата од езерото не е ниту до горниот праг од тунел Тисовец кој е на кота 245 м водостој на Тиквешкото езеро. Генерално состојбата е критична на ниво на цела држава.

Божиновска заедно со директорот на електраната, Звонко Бошков, и претставници на раководството на ЕСМ беше во обиколка на ХЕЦ Тиквеш. При обиколката на браната, беше јасно видливо дека нивото на водата е далеку под потребното ниво. Празниот простор некогаш исполнет со вода сега сведочи за сериозноста на ситуацијата. Министерката ја нагласи итната потреба за внимателно и одговорно менаџирање со ресурсите. Сликата која ја затекнавме испраќа јасна и ИТНА порака – енергијата не е бесконечна, истакна Божиновска.

„Ова е повик за будност. Ќе вложиме максимални напори за оптимизирање на користењето на ресурсите. Ќе се занимавме и со тоа зошто ни се опустошени македонските енергетски капацитети, но јас знам дека со чесен пристап со макотрпна работа може да се промени сегашната слика и нема да се откажам, ниту јас ниту оваа влада од намерата Македонија да биде енергетски независна земја.“ истакна Божиновска.

Тимот од хидроелектраната информираше дека освен критичната состојба со водата, стравувале и од хаварија, бидејќи доколку нивото на водата продолжи да паѓа со „влез на воздух во доводниот цевод“, може да доведе до кавитација и сериозни оштетувања на системот. Присутните истакнаа дека ова е прва посета на ресорен министер по речиси две децении, а денешниот ден им донел и поволни временските услови. Денес имало доток на вода 7 пати повеќе од претходниот период, благодарение на обилните дождови изминатото деноноќие..

„Наследив празна акумулација, со кота која е 12 метри под просечната за овој период од годината. Но денес за прв пат имаме дотоци кои по подолго време се двоцифрени. Деновиве имавме дотоци од 5 кубни метри во секунда, а само во последните 24 часа имаме дотоци од 77 кубни метри во секунда и се надеваме дека тоа ќе оди во нагорна линија и дека идното производство ќе биде во функција на зголемувањето на приходите на нашата компанија а со тоа и на подобрување на примарната  и секундарната регулација   која ќе овозможи постабилен енергетски систем во нашата држава“ изјави директорот на ХЕЦ Тиквеш г. Звонко Бошков,

Министерката сакаше и лично да ја види состојбата во машинската зграда која се наоѓа во подножјето на браната. ХЕЦ „Тиквеш“ произведува електрична енергија со инсталирана моќност од 113 MW и годишно производство од 144 GWh, но сега се соочува со сериозни ограничувања поради недостигот на вода.

Раководството ја информираше министерката и за идните инвестициски планови за подобрување на состојбата. Министерката изрази благодарност до тимот на ХЕЦ „Тиквеш“ за нивната посветеност во одржувањето на производството.

Работната посета на хидроелектраната „Тиквеш“ е дел од континуираните активности на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини за зајакнување на транспарентноста, ефикасноста и долгорочната стабилност на енергетскиот сектор.


Можеби ќе ве интересира

А ШТО ВЕЛИ КИНА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? „Ќе ги браниме националните интереси“

А ШТО ВЕЛИ КИНА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? „Ќе ги браниме националните интереси“

ГОТОВО Е: Трамп ќе воведе царини за ЕУ, вели дека унијата е многу лоша за САД

ГОТОВО Е: Трамп ќе воведе царини за ЕУ, вели дека унијата е многу лоша за САД

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Е КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ВО СИСТЕМОТ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ ДА БИДАТ ПОСИЛНИ ВО СВЕТОТ: Мицкоски се сретна со Пејкоф, Македонец основач на компанија во САД

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Е КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ВО СИСТЕМОТ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ ДА БИДАТ ПОСИЛНИ ВО СВЕТОТ: Мицкоски се сретна со Пејкоф, Македонец основач на компанија во САД

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

АМСТЕРДАМ, ПАРИЗ И ФРАНКФУРТ ВО ТЕСНА ТРКА - расте бројот на летови од Европа, и соседите во врвот

АМСТЕРДАМ, ПАРИЗ И ФРАНКФУРТ ВО ТЕСНА ТРКА - расте бројот на летови од Европа, и соседите во врвот

„ОТВОРЕНИ ДВА ВАЖНИ ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА“: За инфраструктурните проекти на Владата надалеку се зборува, еве што пишуваат медиумите од регионот

„ОТВОРЕНИ ДВА ВАЖНИ ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА“: За инфраструктурните проекти на Владата надалеку се зборува, еве што пишуваат медиумите од регионот

ЕВЕ ЗОШТО ИМИДАКЛОПРИДОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ: Д-р Беќаровски открива колку е опасен овој инсектицид

ЕВЕ ЗОШТО ИМИДАКЛОПРИДОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ: Д-р Беќаровски открива колку е опасен овој инсектицид

„БАЈДЕН ПАДНА НА ИСПИТОТ“: Експертите го кажаа своето, Америка има долг од 36 трилиони долари - Што остави поранешниот претседател?

„БАЈДЕН ПАДНА НА ИСПИТОТ“: Експертите го кажаа своето, Америка има долг од 36 трилиони долари - Што остави поранешниот претседател?

НЕДВИЖЕН ИМОТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Половина од криминалците го користат имотот како мастер шема

НЕДВИЖЕН ИМОТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Половина од криминалците го користат имотот како мастер шема