09 Октомври, 2024
0.0281

Божиновска на средба со УСАИД во Вашингтон: Инвестициите во енергетски проекти клучни кон зелената транзиција

Објавено во: Економија 11 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Инвестициите во обновливи извори, заштитата на животната средина, придобивките од зеленото енергетско сценарио и влијанието на климатските промени беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Ерин Елизабет Меки, помошник директор на УСАИД за Европа и Евроазија. На состанокот одржан во рамките на работната посета на Божиновска на САД, на кој учествуваше и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, биле истакнати заложбите на УСАИД кон реализацијата на проекти од јавен интерес.

„Разговаравме за потенцијалите на земјава околу започнување нови иницијативи и проекти кои ќе помогнат полесно да го изодиме патот кон зелената транзиција и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Политичката стабилност е од круцијално значење во напорите засоздавање клима за привлекување странски инвестиции. Разменивме слични ставови во врска со потребата од континуирана соработка за справување со еколошките предизвици, како и за поддршка на зелените иницијативи кои ќе помогнат кон одржливиот развој и заштита на животната средина во регионот на Југоисточна Европа“, вели Божиновска.

Таа неодамна оствари работен состанок со делегација на УСАИД предводена од Џери Дибл, претставник за Македонија на која беа споделени важни стратешки приоритети, со акцент на модернизацијата на енергетските капацитети и мапирање  на идните проекти за соработка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?