19 Април, 2024
0.0273

Борисов осомничен за наводно перење пари во Шпанија?!

Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Каталонската полиција и обвинителството за борба против корупцијата во Шпанија врши истрага дали бугарскиот премиер Бојко Борисов е поврзан со евентуално перење пари во таа земја, објави денеска шпанскиот весник „Ел Периодико“.

Според весникот, во март минатата година полицијата во Каталонија добила жалба од бугарската невладина организација MC BUUP. Како што информира „Ел Периодико“, корисник на наводните махинации би можела да е поранешната бугарска манекенка Борислава Јовчева. Таа и нејзиниот татко учествувале во две компании со седиште во Барселона – „Numin Invest SL” и „EMA BGS SL”, кои од 2013 година имаат добиено повеќе од пет милиони евра. Тие средства би можеле да доаѓаат од физички лица, кои живеат надвор од Шпанија.

Во жалбата на невладината организација се тврди дека Јовчева и нејзиното семејство живеат во луксузна вила во Барселона.

Во рамки на истрагата е утврдено дека недвижниот имот бил купен во 2013 година за три милиони евра и е регистриран на име на компанијата „Numin Invest SL”.

Според весникот, во периодот од јануари до јуни 2013 година, поранешната манекенка била единствен раководител на таа фирма, чиј капитал изнесувал 3.000 евра. Подоцна раководната функција ја преземал нејзиниот татко, кој инвестирал уште околу 3.000 евра.

Истражните органи откриле уште една компанија – „EMA BGS SL”, која е сопственик на продавница за облека во Барселона. Во неа се инвестирани околу 2,3 милиони евра, кои доаѓаат од друга компанија. Седиштето на „EMA BGS SL” се наоѓа во вилата, во која живеела манекенката.

На таа адреса било регистрирано и едно дете, чиј единствен старател  е Јовчева. Во тужбата, поради која е започната истрагата, се тврди дека Борисов би можел да има врска со поранешната манекенка. Бугарскиот премиер ги демантира таквите тврдења.

Полицијата смета дека, генерално, инвестициите во Каталонија надминуваат пет милиони евра, а парите доаѓаат од две компании кои се во фокусот на истрагата.

Службениците за спроведување на законот не пронашле докази, кои потврдуваат дека поранешната манекенка и нејзиниот татко имале легитимни приходи за да си овозможат таков начин на живот. Во полициските извештаи, се претпоставува дека парите би можеле да бидат „поврзани со непријавени средства на високи функционери од бугарската Влада“, пишува шпанскиот весник.

Полицијата во Каталонија засега не ги потврдила информациите објавени во „Ел Периодико“.


Можеби ќе ве интересира

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци