Борисов од Давос со пораки за Димитров
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2020
Со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров разговаравме за нашето заедничко претседателство на Берлинскиот процес.
Разговаравме и за позитивниот развој на нашите билатерални односи од склучувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка. Очекувам работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу двете држави да продолжи во конструктивен дух и да не биде под влијание на политичката состојба и напнатата предизборна состојба во Република Северна Македонија, соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров во Давос каде се одржува Светскиот економски форум.
Меѓудругото, Борисов кажал и дека Бугарија останува на ставот за поддршка на Македонија за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.
Фото: Фејсбук профил на Бојко Борисов