Борисов: Членството во НАТО ќе придонесе за развој на нашите братски односи

Објавено во: Балкан 28 Март, 2020
Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, го честиташе вчерашното официјално зачленување на Македонија во НАТО со порака да продолжат реформите во земјата и да се зацврстат односите помеѓу двата соседи.
„Од денес, Република Северна Македонија е триесетта земја членка на НАТО. Им честитам на нашите соседи за пристапувањето во Северноатлантскиот договор и со нетрпение очекувам да продолжат внатрешните реформи во земјата. Потребни се дополнителни резултати за зајакнување на владеењето на правото, слободата на медиумите, реформа на безбедносниот сектор и усогласување на вооружените сили со стандардите на НАТО.
Се надеваме дека заедничката активност меѓу нашите вооружени сили во рамките на НАТО ќе придонесе и за развој на одбранбени способности и интероперабилност и за развој на братски односи меѓу нашите две земји“, порача Борисов.
Можеби ќе ве интересира
Харадинај најави референдум за спојување со Албанија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Во Албанија работник со лопата удри свештеник по главата

ВО БУГАРИЈА ПРИСТИГНАА НОВИ ДОЗИ ОД ФАЈЗЕР: Досега се пријавени 19 реакции од вакцината на Модерна

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ШЕФ НА ПОДРАВКА - Пленковиќ веќе разговарал со четворица кандидати

(ФОТО) Се појави првата фотографија на Чеда Јовановиќ од болничкиот кревет, еве како изгледа откако најтешкото помина

ПО ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ ПОСЕБНИ МЕРКИ - продавниците во Грција се отвораат, ќе работат и козметичките салони
