Бомба пукна на гласачко место во Авганистан
Објавено во: Свет 28 Септември, 2019
Бомба пукнала во џамија во која имало гласачко место во Авганистан.
Болница во Кандахар информираше дека денеска се примени 15 повредени во бомбашки напад во џамија. Меѓу повредените има полицаец, неколку членови на избирачкиот одбор и Авганистанци кои дошле да гласаат на претседателските избори. Тројца од повредените се во критична состојба. Експлозијата се случила еден час по отворањето на избирачките места.
Талибанците неколку пати се закануваа дека ќе ги попречат изборите на кои фаворит е актуелниот претседател Ашраф Гани и неговиот партнер во владата на народно единство Абдула Абдула.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Претседателските избори во Авганистан се одржуваат во атмосфера на несигурност и страв од напади на Талибанците, кои претходно се заканија дека ќе ги одвратат граѓаните да излезат на гласање.