Боки 13 во Шутка: Одреден му е притвор
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019
На Бојан Јовановски познат како Боки 13 му бил одреден 30 дневен притвор по што е спроведен во истражниот зaтвор Шутка. Притворот го одреди судија на претходна постапка во Кривичниот суд по распитот за случај во кој тој е осомничен од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Претходно заменик директорот на „Шутка“ Садуш Арифи за ТВ21 потврди дека одреден е притвор за Зоран Милевски Кичеец и дека Кичеец е донесен во затворот со полициска придружба.
Јовановски се сомничи за трговија со влијание врз јавен обвинител.