Боки 13 излегува од болница пред судење
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2019
Бојан Јовановски, првообвинет во случајот „Рекет“, денеска треба да излезе од болницата „8 Септември“ по неколкудневен престој пред утрешното прво рочиште во кое обвинети се уште и Катица Јанева и Зоран Милевски.
Додека на Јанева и Милески затворскиот притвор им е заменет со куќен, Боки 13 и натаму е притворен во истражниот затвопр во Шуто Оризари..
Претходно од болницата соопштија дека тој е во добра здравствена состојба и беше објавено дека е сместен на интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Бо болница останува до денеска за да се комплетираат резултатите од спроведените испитувања.