25 Април, 2024
0.0307

БОГОЈЕСКИ ЗА ФАКТОР: Искористив лични контакти, може да добиеме пет милиони вакцини од АстраЗенека, би стигнале за еден ден ако властите одлучат да ги набават

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, искористил свои лични контакти, па во моментов на Македонија и се достапни 5 милиони вакцини од вакцината на компанијата АстраЗенека. Во изјава за Фактор вели дека директните преговори со луѓето кои работат на снабдување на државите со вакцините против Ковид-19 траеле речиси еден месец, но понатаму е сè оставено на македонските власти и како што вели нивна работа е што ќе одлучат.

-Целата процедура е оставена да ја заврши Владата за да не излезе дека ги преземаме обврските на институциите. По она понижување кај Бојко Борисов за 100 вакцини и по бламирањето со српскиот претседател Вучиќ, ја прели чашата и затоа се обратив директно до тие луѓе. Два дена се истражуваше и токму синоќа добив потврда дека имаат на залиха 5 милиони вакцини кои нам ни стојат на располагање или само дел од тоа, зависи колку сакаме ние. Што значи дека по договореното, ние можеме да ги набавиме овие 5 милиони ако сакаме. Дали ќе ја искористиме шансата, тоа сега зависи од македонската влада. Треба да бидеме навистина сериозни и не би требало да продолжиме да дозволуваме понижувања. Лично се чувствувам така. Сакам само да нагласам дека јас во цела оваа постапка не се мешам во контрола на квалитет, обезбедување на специјализиран транспорт, посебни услови на чување, се што значи стручност , затоа се надевам дека експертите од Македонија ќе ги направат сите потребни проверки и секако не се мешам во цената, потенцира Богојески.

Истовремено, тој нагласи дека веќе исконтактирал и со македонските власти кои понатаму ќе одлучат како ќе постапат.

-Јас самиот не можам да носам одлуки, властите, односно премиерот, министрите се избрани од страна на граѓаните, затоа тие треба да го имаат крајниот забор. Јас само можам да помогнам за народот. На дражавата треба да и се помогне кога и е најтешко.

За тоа дека Македонија може да набави вакцини од АстраЗенека, Богојески објави и статус на Фејсбук во кој наведува:

Обезбедени вакцини за Македонија!

Должност на секој од нас е да помогне на татковината кога и е најтешко!

Мачнина ми паѓа кога гледам на каков срам и измачување, потсмев и омаловажување е изложен нашиот народ! Затоа се вложив себе си и своите пријатели од меѓународната заедница, да помогнеме и да обезбедиме вакцини за нашите граѓани.

Вакцините се обезбедени!!!

Во моментов додека го пишувам овој статус, на располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден, откако нашата Влада ќе направи нарачка!

Моето е сторено!

Вакцините се најдени и обезбедени!

Сега на потег е Владата. Ќе и бидат ставени на располагање сите потребни информации... да ги донесеме вакцините и да започнеме со најмасовната вакцинација од сите земји во светот и да дојдеме на прво место!

Сега не е време за плукање и обвинување, туку секој од нас да помогне колку може! Да си го спасиме народот од болеста! После можеме да се плукаме колку сакаме!


Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“