20 Април, 2024
0.0285

Богојески: Тие кои гласаа се визионери, раководството на партијата е водено од гнев и омраза

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ го водат гнев и омраза, себичност и кратковидост која целосно ја суспендира внатрепартиската декомкратија, вели Петар Богојески кој е дел од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен заменик на генералниот секретар на партијата. Вели дека иако сега можеби не изгледа така, тие кои гласаа за Договорот во иднина ќе бидат на победничката страна на историјата и визионери.

„Актот на таканаречено исклучување од партијата покажа две работи. Прво, ова раководство го водат гнев и омраза, себичност и кратковидост, со целосно суспендирање на внатрепартиската демократија. Второ, тоа беше нестатутарна одлука, надвор од пропишана процедура, а со тоа и невалидна. Како и да е, ова раководство самото себе си се делегитимираше и го изгуби целиот кредибилитет да ја води партијата, вели Богојески.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ може да биде модерна, демократска и европска партија и партија која ќе почитува вредности, но и ќе практикува политики на база на принципи, коикако што вели се еднакви на оние на Европската Народна Партија, чија членка е и македоснката партија. 

Вели дека нема дилема оти Европа и НАТО се нашата перспектива.

„ Одлуката на Собранието на Република Македонија е само еден почеток на процесот на имплементирање на решенијата на Преспанскиот договор врз Уставот на нашата Република. Се надевам за многу краток период ќе се вградат решенија кои ќе значат условена имплементација на уставните амандмани, доколку Грција не го ратификува овој договор. Дополнително овој процес нуди можност и за други измени, со кои Македонија може целосно да расчисти со своето комунистичко минато. 

Европа и НАТО се нашата перспектива, а оние кои гласаа, тоа го имаа во предвид. Можеби денес е недоволно јасно, но за кратко време, тие ќе бидат на победничката страна на историјата, запишани како визионери, вели Богојески.

Ѓ.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите