24 Април, 2024
0.0270

Богоевски: Чулев веќе го претвара МВР во МВРО со кадар чија задача ќе биде креирање хаос и афери

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот министер Наќе Чулев веќе го претвара МВР во МВРО со кадар чија задача ќе биде креирање хаос и афери и под дрво и под камен веќе бара обвинител кој ќе се согласи во предизборието да отвори постапка против Заев, обвинува денеска поранешниот пратеник од СДСМ Павле Богоевски.

Тој преку социјалните медиуми ја коментира моментачната ситуација во министерството за внатрешни работи кое со техничката влада го презеде Наќе Чулев.

Богоевски, пишува дека ниту на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту пак на Чулев им е гајле за безбедноста во државава.

„Техничкиот Министер за внатрешни работи не е дојден со задача да ја заштити, или не дај Боже, унапреди безбедноста во Република Северна Македонија.

Судејќи по неговите постапки, очигледно е дека агендата на „врвниот професионалец“ на ВМРО-ДПМНЕ е идентична со онаа на партијата која го назначи - прикажување и предизвикување на што е можно поголем хаос и иницирање на битката за расчистување со неистомислениците.

Основата на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за мобилизирање на гласачи на овие избори е - „нивната победа е неминовна, а кога со сигурност ќе дојдат на власт, ќе ги избришат сите анти-државни промени кои ги направила расипничката влада на Заев и ќе ги испозатворат сите кои тие ги сметаат за криминалци или предавници.“

За да убедат што е можно поголем број гласачи во неминовноста на својата победа, тие мораат мошне убедливо да ја креираат приказната која сакаат да ја продадат. Затоа, со сигурност тврдам дека единствената работа која ќе ја вршат не само Чулев, туку и сите останати технички министри и заменици-министри ќе биде блокирање на што е можно поголем дел од работата на министерствата и на Владата, со што ќе се прикаже неефикасност и распиништво; и кревање галама за најчесто непостоечки и конфузни криминални заговори и дела на сегашната власт. Велам непостоечки и конфузни, бидејќи во денешното време на брзи информации и лажни вести, може да биде многу поефективно политичкиот проптивник да го обвинуваш за работи кои ги нема сторено, отколку за нешта кои навистина ги направил. Така, тој/таа е ставен/а во положба на постојана дефанзива и без јасно креирана стратегија поради постојаните различни напади.

Тука, улогата на Чулев е малку поинаква од останатите. Неговото педигре на лојален режимски службеник и во најмрачните времиња на државава и неговата позиционираност во МВР го прават ударната тупаница на предизборната пропаганда која ќе следи. Негова работа ќе биде убедувањето на јавноста во одлучноста на ДПМНЕ во постизборното расчистување со непријателите. Затоа Чулев веќе го претвара МВР во МВРО со кадар чија задача ќе биде креирање хаос и афери. Затоа Чулев под дрво и под камен веќе бара обвинител кој ќе се согласи во предизборието да отвори постапка против Заев.

Дополнително, но не непланирано - ефектот кој оваа пропаганда ќе го има врз веќе започнатите постапки против поранешниот режим - тие веруваат дека така целосно ќе го банализираат секој обид за нивно повикување на одговорност, што има за цел да ја отапи јавноста во поглед на нивните секојдневни малверзации, манипулации и изигрувања на судскиот систем“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Богоевски во мај минатата година си поднесе оставка од пратеничката функција.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП