Богоевски: Благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019
Пратеникот Павле Богоевски кој денеска објави дека си поднесува оставка од пратеничката функција, попладнево преку Фејсбук порача дека му било чест изминативе две години да ѝ служи на државата.
„Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!, напиша Богоевски.
Оставката на Богоевски прв ја поздрави премиерот Зоран Заев. Рече дека тоа е храбар потег. Од ДУИ позитивно гледаат на чекорот на Богоевски. Велат доколку помине нивниот ветинг, можно е повеќе функционери да мора да си заминат.
Оставката на Павле Богоевски дојде на стартот на седницата на Комисијата за мандатно имунитетни прашања со која тој претседаваше и на кој требаше да почне постапката за одземање на мандатот на екс премиерот Никола Груевски, поради 6 месечно неоправдано отсуство од Собранието.За Богоевски беше објавена „бомба“ од лицето под псевдоним Илија Громовник, но тој тврдеше дека не нарачува наркотици, туку масло од канабис за негов близок.