28 Март, 2024
0.0249

Боцки

Објавено во: Колумни 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Наизглед секогаш сериозни и максимално посветени на благородната идеја,а полувоено организирани со хоризонтална и вертикална хиерархија,Бадникарите,сепак,не излегуваат од скопските шеми.Тие секогаш се подготвени за шега и симпатични прескакалици.Ги има безброј-не знам дали има некој од нас што ги знае сите и што се сеќава на нив.Правам некаков пресек на нив само со една и единствена цел-да ја доловам прекрасната и опуштена атмосфера што владее секогаш и насекаде каде што се легендарните членови на Одборот и нивните верни симпатизери.

Мац не би бил тоа што беше до колку немаше и дневник со прецизни податоци за се.Го чуваше во приколката во Соње и во него се запишани значајни работи за грижливо одгледуваното лозје,но и за неговите чести посетители,не само за Свети Трифун,туку и за други пригоди.Не сум го читал,од разбирливи причини,дискрецијата е загарантирана,но ќе се обидам да цитирам само една реченица:„На Иве не му се отвори падобранот!“......Беше лето и дојдовме за да набереме некој плод од преслатката и превкусна бела црешна.Береме од пониските гранки и јадеме презрели и крупни црешни.Марко е качен на неколку повисоки гранки,а Иве седнат на една попречна малку пониска,но како што се знае за црешовото стебло,мошне мазна гранка.Зафатен со собирањето со една рака и со најлонче во другата Иве загуби рамнотежа и одеднаш се струполи на земја,а Марко значајно констатира дека не му е ништо и продолжи да џвака и плука семки од својата позиција.Изгледаше дека има право,Вујче Иве не одвезе до дома,а утредента го сретнавме со гипс на раката-сепак, не било толку безболно и едноставно приземјувањето .....

По една луда и долга седенка во „Хермо“,кај Дуле и Коле се најдовме на оро пред фонтаната на влезот во парк.Вртиме оро,го води Горица- Секретарката и некое време тука се најдоа некои девојчиња кои љубопитно гледаа и прашуваа кој е поводот,а Горица без многу размислување,во нејзин стил,објасни дека таа конечно го нашла човекот на својот живот и покажа на Жанте,кој искрено кажано не беше среќен поради тоа,но премолча.Ги фати девојчињата за нос за да ги префати мајата,а на одење застанавме пред блиската зграда,Горица зазвони на некое копче на влезот и ја разбуди пријателката, која буновна излезе на балкон-„дада се вери“ и соопшти,„среќата секогаш доаѓа,па макар и доцна“вреска нашата секретарка.Се разотидовме...не вози мене и Марко Славе Желчето,пееме и се смееме до бесвест и одеднаш на почетокот на мојата улица„ Прашка“ се најдовме сред раскопан коловоз-ни напред,ни назад.Знам само дека предничев,да не кажам соло пеев,зашто Марко е голем песнопоец(да не е новинар би бил интерпретатор на народни песни) со „Кога си тргнав в туѓина“(сигурен знак дека пијачката не била доволно слаба).....

„Хермо“ често ни беше собиралиште.По една успешно завршена прослава пред Соборен седиме како издишан балон,ни свири на гитара Тули познатиот скопски трубадур  со сопругата.На поминување за Маврово дојде Тоде Панда со Јорде Шандул, поседоа малку и на заминување Тоде му дава на музичарот-гитарист 100 марки.Но, Мац е побрз му ги зеде парите од рака и му вели:„ денеска свириш џабе,а цела година ќе те мава среќа“(дали беше така не знам!)..... а, Кире Тип игра рок со Горица Попова,новинарка која ни се придружи уште дури бевме на терен...

На свадбата на ќерката на Коле во Континентал покрај музика беа ангажирани тогаш многу популарните ориентални танчерки по теркот на оние жадиња од многугледана тв-сапуница.Играат тие во свој стил,морам да кажам мошне уверливо и успешно,а со нив кој,ако не Дечко, игра и се занесуе во свој стил(потоа му наместивме дека Маре е многу љубоморна и дека дома ќе си го добие)...лудница беше од дофрлања и зезанција,а предничеше Жабарот,со не толку танчерски способности како времешниот Благоја,кој да танцува учел у бугарско време-го зезавме....

Свадба му правиме и на вучјакот на Ратко Савов и со музика се оди на парење кај кучката на  Мирче Краварот во Карпош.Мисијата неуспешна, но тоа не не спречува да ја префрлиме „Партизанска“ и да дојдеме кај Борче во бараката во Тафталиџе.Песна и расположение на ниво и место да се прибереме секој по дома се упативме кај Аце покрај Вардар, некаде кај ресторанот „Каскада“,но ја грешиме локацијата и серенада му правиме на погрешен човек, кој нема ништо против убава македонска и не само македонска песна.....

Добив официјална покана да дојдам на лозје кај Мац во Соње на скара и се друго што иде со тоа,но со предупредување-не мора ништо да донесете освен јакна за вечерта.У Скопје изгор-околу 40 под сенка-мора Мац да ме работи со ова предупредување,си мислам.Најсе,еве не горе се разгорува скарата,а таму место јаглен се горат прачки од лозниците стокмени и врзани во снопчиња(тоа го може само нашиот другар).Си мислам со мојава дебелокора глава-што не ми рекол да донесам ќумур одоздола што мора да се зезаме со прачкиве.Бргу го сменив мислењето кога почна дегустацијата на ребрата,кременадлите и колбасите од кај Лале залеани со штапско вино или пиво-како кој.Ја слушаме интересната приказна на Тип за неговиот престој во Франција и познантството со типови од земунскиот клан и сопругата на Ален Делон,полека се стемнува и почнува да станува свежо,а како минува времето и почна сериозно да студи.Станува Мац и полека со надменост во движењето(не ми веруеш,а) оди у приколка и ми носи тексас јакна....поседавме колку што поседавме,дојдовме и до песна со гитара(У крчми старог Џонија) и све што је лепо кратко траје,се враќаме назад-како се симињаме од Соње така влагаме во котелот на котлината .....

Како многу млад,по стаж,бадникар натрчувам на Дечко,кој малку-малку ми поставува исто прашање:„Играш ли шах младичу“....еднаш двапати позитивно му одговарам, а тој постојано со истото прашање и на крај не издржав наивно прашав-„а зошто?А тој на општо задоволство на пајташите ми вели-„да ми го мрднеш топов“...хахахаха....

Береме бадник на Краста- времето кочан ладно,брзаме за да завршиме што побргу и да си одиме(мерката според Марко е 45-50 добро балиран и во најлон врзан симбол на среќата и светлината).Некој го побара Жабар(тој знаеше да се одметне и да скине крупна гранка за да им ја даде на свештениците од Храмот)  го нема па го нема, за на крајот Лабуд да го открие во колата, спие како заклан(вечерта акнал малку повеќе шприцер).Зеде петарда и му ја фрли во колата затворајќи ја вратата.....секој би полудел од страв и изненадување,а Жабарот мртов ладен го тера комшијата од маало кај што не треба....Лабуд објасни дека кафанџијата заспал без апаратчето за слушање!.....

Направивме групна фотка на одборот на Краста,а Десо направи фотомонтажа и ги вклопи Жанте и Веле Маникс, кои веќе не беа со нас(Господ ги зеде).Кире Тип се чуди,а ние го уверуваме дека тоа всушност се нивните души, кои ни се приклучиле за сликање(не верувам дека воопшто ни поверува,но нејсе помина шегата)......

При една официјална средба со Поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан во седиштето ма Митрополија, при што ние го информираме за се што сме направиле околу подготовките на  Средбата на платото пред Соборниот Храм Неговото Блаженство учтиво не прашува што да не почестат,Марко без многу размислување побара манастирска ракија.Домаќинот стана се брцна во џебот и извади клуче од сефот во кој му стоеше драгоцената напивка,далеку од дофат на секојдневните посетители на неговиот кабинет.Марко побара и посебни чашки што ги има забележано од порано,Дедото се насмевна и ја исполни и таа желба.....Мац се налути и не искритикува (новинари си се новинари ни срам ни перде)ама и тој и Борче шмркнаа од убавата и силна течност што ја направиле монаси од некој наш манастир....

И уште еднаш бевме критикувани како „седма сила“-без срам и перде!Подготвувавме официјална средба со Ристо Пенов во Носталгија во Дебар Маало.Отидовме со Марко половина час порано во кафеаната и келнерот не понуди со пијачка за да не седиме џабе,нели така.Испивме по една и мене ми текна,знаејќи ги Мац и Борче како луѓе што водат сметка за секој денар,келнерот кога ќе ги види да ги праша-„а кој ќе го плати цехот што овие двајца го направија од сабајле?“.Реакцијата на Мац беше очекувана-се вцрви и на висок тон одговори-„не знам тоа ја нек си платат сами што јаделе и пиеле,да  не се можело да се почека да почне средбата---новинари,муфтеџии“!.Келнерчето виде дека работава отиде предалеку и ја кажа вистината,а Мац ни призна-„еден нула за вас,ама ја сепак сум во право“!!!!

Претурајќи по старите предмети-спомени дојдов до еден вреден часовник марка „Лонжин“ што мојот татко го добил како првенец на Учителската школа во Скопје во 1931 година.И тука нема ништо посебно, ако во посветата не пишува:„Свом положајнику Ѓорѓу Мојсиќу“.А долго не знаев што е тоа положајник.Тој е предводник на посебно избраните што берат бадник-во случајов ученици на скопската учителска школа што гранчето на светлината и среќата, украс на Божикната софра и тоа ќе го извршат на Водно......Дали ви е нешто познато .....?Па нека каже некој нешто во врска со вакви совпаѓања во најмала рака или станува збор за сосема нешто друго!

Поминаа многу други шеги и анегдоти,кој да се сети,ќе ги има и кога нас ќе не нема!!!!! 


Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?