БЛОКАДИ НА ЦРВЕН КРСТ, СУДСКА ПАЛАТА И ИЛИНДЕНСКА, прватните превозници продолжуваат со штрајкот

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2022
Утре од раните утрински часови, поточно од 6 часот наутро ќе бидат блокирани три клучни крстосници во главниот град.
Приватните превозници како што најавија, доколку не дојде до договор со градоначалничката на град Скопје за исплата на долговите, ќе продолжат со штрајкот.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 05.12.2022 (пoнеделник), поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
- Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ - од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ - крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата). Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот - се истакнува во соопштението на МВР.
Можеби ќе ве интересира
ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ ВО СРБИЈА - паразит кој метастазира во телото и личи на канцерогено тело, еве за каква болест станува збор

ТРИ ПАТИ МЕРИ, ЕДНАШ СЕЧИ - Владата се огласи за средбата Ковачевски - Таравари, работните состаноци продолжуваат

ТАСЕВА: РЕЗУЛТАТОТ Е ЗАГРИЖУВАЧКИ, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЗМОТ ВО СКОПЈЕ: Лубомир Ќучуков очекува засилување на тензиите меѓу Македонија и Бугарија
Спасовски до Пандов: Постои полиција за чување на гробот на Гоце Делчев

ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ: Еве со кои високи функционери денес има средби

Донација на Ракометната федерација за „СОС Детско село“

Ќучуков: Тоа што во Скопје грешат за историјата не значи дека ние во Софија се однесуваме паметно

Муса Џафери: Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети
