28 Март, 2024
0.0243

Бизнисот со дијализа подели 20 милиони евра во 2018

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Безмалку 20 милиони евра фактурирале центрите за дијализа од Фондот за здравствено осигурување во 2018-та, односно 35 милиони денари повеќе од една година претходно поради зголемениот број на третмани.

Концесионерите Центар за дијализа Диамед Македонија и Систина Нефроплус ја предводат листата поради најгоемиот број на пациенти, односно третмани, што се должи на тоа што имаат мрежа од повеќе свои центри низ цела Македонија. Центар за дијализа Диамед Македонија заработил 543,7 милиони денари лани, додека Систина Нефроплус фактурирале од 441 милион денари. На трето место е Диамед Скопје, кој исто така го поседува странски концесионер, со наплатени 95,5 милиони денари, а потоа следуваат јавните установи Универзитетска клиника за Нефрологија и ГОБ „8 Септември“ со 55, односно 46 милиони денари.

Вкупниот број на третмани на ниво на цела година е 213.844.  Станува збор за третирање 1.460 лица со хронична бубрежна инсуфициенција со во просек остварени 12 дијализни третмани над секој од нив во месецот. Фондот за еден пациент на годишно ниво само за дијализните третмани издвојува просечно околу 800.000 денари.

Во овој пакет на здравствената услуга, на центрите, покрај за хемодијализниот третман содржани се и задолжителните дијагностички испитувања, како и патните трошоци од местото на живеење до центарот за дијализа и обратно на пациентите. При формирањето на надоместоци кои Фондот им ги плаќа на приватните здравствени установи се земени предвид бројот на осигурените пациенти кои се третираат, просечниот број на дијализни третмани по пациент, референтната цена за дијализа, реализираните здравствени услуги во претходната година и очекуваното зголемување на бројот на пациенти на дијализа на годишно ниво.

Средствата наменети за дијализа се трети на листата на најголеми расходи во примарното здравство кај Фондот за здравствено осигурување со потрошени 1,24 милијарди денари за оваа намена, по матичните лекари и аптеките.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка