28 Март, 2024
0.0271

Битолска млекара се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“

Објавено во: Мои пари 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Битолска млекара е единствената компанија од млечната индустрија во земјата што го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“, соопштија од компанијата. 

Освен потврдениот висок квалитет на производите, Бимилк со сертификатот се стекна и заради покажаната грижа за безбедноста и здравјето на потрошувачите, изградениот однос, транспарентноста и едукацијата. Следејќи ги и придржувајќи се на високите стандарди за работа, во однос на квалитетот на производите, воспоставувањето двонасочна комуникација како и создавање портфолио според потребите на потрошувачите, Бимилк грижата за задоволството на потрошувачот ја постави како свој врвен приоритет, што се потврдува со овој сертификат.

„Стекнувањето со сертификатот опфаќа широк опсег обврски што компанијата ги исполнува, а се однесуваат на различни нивоа во односот кон потрошувачот каде како компанија ја докажавме својата грижа и посветеност. Сегашната потврда од надлежните инстанции, само нè увери дека сме на правиот пат и нè поттикнува за градење уште поблизок однос со потрошувачите и веруваме дека истиот дополнително ќе ја зголеми довербата што во континуитет ја добиваме од нив”, велат од Бимилк.

Покрај создавањето висококвалитетни производи, стандардизацијата на квалитетот и широката достапност, Бимилк грижата за потрошувачите ја пренесе и во склоп на своето работење со примена на  енергетско ефикасни, поефективни и еколошки процеси со што покажа висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите. Изгради транспарентен однос со потрошувачите со користење фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и преку општествено одговорни практики и со иницијативи за безбедна и правилна употреба на производите која нема да и наштети на животната средина, се заложи за едукација и подигање на свесноста кај потрошувачите за поголема одговорност и грижа за животната средина.

Сертификатот се доделува од Организацијата на потрошувачи на Македонија, Асоцијацијата Зенит и Здружението на бизниси и консултанти Креација, кои исто така се и верификатори на исполнетоста на обврските за стекнување со сертификатот.

Со цел да ја задржи лидерската позиција во однос на квалитетот на своите производи, покрај овој сертификат, Бимилк поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната средина ISO 14000 како и стандард за здравје и безбедност при работа ISO 45001  кои постојано ги надградува и унапредува.

(ПР објава)

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија