29 Март, 2024
0.0283

Битола по теркот на Љубљана

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Битола e пред шанса да избере градоначалник менаџер и со тоа да го следи успешниот пример на Љубљана. Многумина ваква шанса за Општина Битола гледаат во кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски, кој важи за успешна бизнис фигура не само во регионот, туку и во државата.

Иако млад, но веќе докажан претприемач со меѓународно признати резултати, тој покажа дека во Македонија може да се води успешна бизнис приказна и тоа во срцето на Пелагонија.

Гледајќи го неговиот бизнис профил, многумина проекциите за иднината ги прават споредувајќи го со искусниот стопанственик и актуелен градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој откако застана на чело на локалната самоуправа, словенечката метропола доживеа вистински економски бум, но прерасна и во град кој обезбедува високи стандарди за хумано и еколошко живеење.

Една од најпрепознатливите изјави на Јанковиќ е дека „за Словенија нема перспектива ако сериозен и голем акцент не се стави на инвестициите“. Токму тоа што градоначалникот на Љубљана, во сите четири мандати приоритет дава на економијата покажувајќи врвни менаџерски вештини, е причина - многумина во профилот на Христо Кондовски да гледаат шанса Битола да ја копира успешната приказна на Љубљана.

Истовремено, многу битолски семејства имаат свои членови кои работат или студираат во Љубљана и знаат што значи да се живее во еден економски развиен градкој гордо ја носи престижната титула Зелена престолнина на Европа. Тие се свесни дека само менаџерски профил на градоначалник може да ја однесе Битола во тој правец на развој.

Кој е Зоран Јанковиќ?

Актуелниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, завршил гимназија и Економски факултет. Уште за време на студиите по економија започнал да работи, така што неговата деловна кариера и подем започнале во 1978 година. Следувале позиции што ги извршувал во различни компании главно во Словенија: Пошта Словенија, Гриш Загреб, Меркатор Инвест, Емона, Електa.

Јавноста дозна за него откако стана извршен директор на словенечкиот деловен систем „Меркатор“ во 1997 година. Токму тој е заслужен што „Меркатор“ прерасна во една од најголемите компании во Словенија со 15.000 вработени и развиени бизниси во земјите од регионот, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Заради постигнатите резултати, тој ја доби престижната национална награда „Менаџер на годината 2002“ и како успешен и способен човек, стекна голема популарност меѓу граѓаните.

Благодарение на тоа на 22 октомври 2006 година, убедливо, во прв круг, со 62,99% од гласовите, победи на изборите за градоначалник на Љубљана како независен кандидат, додека неговата листа освои 23 од 45 места во градското собрание.


На парламентарните избори во 2011 година, тој ја предводеше листата на победничката „Позитивна Словенија“, партија формирана само еден месец пред изборите.Во 2012 година освои 62 отсто од гласовите на вонредните локални избори. Тоа му ја донесе третата последователна победа, повторно во првиот круг на гласање. Во во 2018 година Јанковиќ не мораше да го чека вториот круг од локалните избори во Словенија, бидејќи по четврти пат понесе убедлива победа во прв круг со скоро 61% освоени гласови.

„Граѓаните на Љубљана избираат градоначалник кому му веруваат, градоначалник кој има визија и на кој пред се можат да му го препуштат носењето на одлуки, бидејќи во спротивно би имале по 50 мислења за секој проект и поради тоа би се вртеле во круг“, рече Јанковиќ по објавувањето на првите резултати, најавувајќи дури 500 проекти што ќе се реализираат во градот.

Со други зборови и самиот Јанковиќ потенцираше дека е избран затоа што граѓаните сакат цврста менаџерска рака. Избираат искусен и практичен професионалец кој знае што треба да прави и го прави тоа, не заглавувајќи се во бирократски процедури кои трошат време и енергија. 

Дека тој е човек со широки видици чии заложби се меѓународни признати зборува и податокот што Рускиот претседател Владимир Путин го награди Зоран Јанковиќ со Орден за пријателство во 2017 година.

Покрај неговата деловна кариера, тој е активен и во областа на спортот. Од 1984 до 1990 година, беше потпретседател на кошаркарскиот клуб „Олимпија“, во периодот од 1992 до 1997 година беше претседател на ракометниот клуб „Крим Електа“, а од 1996 до 2004 година беше претседател на Ракометниот сојуз на Словенија. За време на неговиот мандат, Словенија освои сребрен медал на Европското ракометно првенство во 2004 година.

Заради сето ова, со акцент на афинитетите кон економијата и спортот многумина прават паралела меѓу Јанковиќ и Кондовски.

Долгогодишниот опстанок во политиката на главниот град на Словенија, Јанковиќ го должи на одличните менаџерски вештини и реализираните проекти во Љубљана. „Во текот на целиот мандат, тој работи на прикажување на своите резултати, покажување на секој новоизграден плоштад или улица. Секој ден шета меѓу граѓаните, ги поздравува, прави селфи фотографии - знае како да биде близок со луѓето“, пренесува Би -Би -Си за него, додавајќи дека Јанковиќ е заслужен за изградбата на националниот стадион, спортската сала, како и затворањето  на центарот на Љубљана за автомобили.

„Гласачите не сакаат да ризикуваат, а Јанковиќ е сигурен избор“,- пренесува Би-Би-Си.

Кој е Христо Кондовски?

Тој е сигурната карта на СДСМ за локалните избори во Битола.

Христо Кондовски е млад бизнисмен кој го започнува својот работен ангажман веднаш по дипломирањето во врвот на својата класана Економскиот факултет–Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. Со титулата магистер се стекнува на Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје (2010-2012),  a образованието го продолжува на докторски студии на отсекот осигурување при Битолскиот универзитет на Факултетот за туризам и угостителство.

Првиот работен ангажман го имал како агент за осигурување во осигурителното друштво “Вардар осигурување” (подоцна Триглав Осигурување) Скопје каде метриката на неговиот учинок веднаш го позиционира како најуспешен осигурителен агент именуван за Главен агент за големи клиенти.

Веќе докажаниот осигурителен професионалец во 2014 година заедно со бизнисменот Зоран Пејчиновски, во соработка со веќе афирмирани деловни луѓе од земјава го основа денес најголемото осигурително брокерско друштво во државата, СН Осигурителен брокер АД Битола. Тој, всушност, е моторот за развојната компонента на друштвото, кој врз себе ја презел и обврската за следење и унапредување на човечките ресурси.

Во еден наврат Кондовски има изјавено дека можеби е необично за еден извршен директор, но неговиот личен телефонски број е во именикот на секого од скоро петстотини непосредни, но и посредни вработени и соработници ширум земјава. За цело време тој е отворен и достапен за досегашните околу 80.000 клиенти во базата на СН Брокер, од кои 40.000 се во Битола.

Во 2017 година своето искуство, знаење и неуморен претприемачки креативен дух ги имплементира како косопственик на групацијата СН што ја сочинуваат повеќе правни лица со различен профил на работа. Од 2020 година се фаќа во костец со нов предизвик како коосновач и сопственик на Друштвото за управување со инвестициски фондови СНИФ ДОО Битола.

Капацитетите на овој претставник на новата бизнис генерација во Битола се препознаени и од деловни професионалци од целиот свет. Во 2019 година тој се вбројува во добитниците на меѓународната награда “40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години” (”Business elite’s 40 under 40) за Југоисточна Европа.


Од март 2021 година со одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство станува член на работната група за воспоставување на концепт за развој на земјоделски осигурителен пул, несебично ставајќи се на располагање на државата со своите стручни капацитети. Добитник е и на признанието на земјоделската платформа Агротим „Најуспешни во областа на земјоделството за 2021“.

Освен во развојот на осигурувањето, како исклучително значаен облик за управување со ризик, Кондовски активно придонесува за подобрување на условите за работа и живот на различни целни групи преку членувањето во Ротари клубот. Од 2015 година тој е и член на Управниот Одбор и бил дел од многубројни активности за поддршка на различни категории граѓани и институции.

За неговото изострено чувство за општествена одговорност најдобро зборува фактот што одсекогаш ја препознавал неопходноста од брзо и ефикасно помагање во заедницата. Најдобар пример за тоа е што СН Групацијата имаше значаен удел во поддршката на вакциналните пунктови и процесот на имунизација во Битола и Охрид во најтешките денови предизвикани од ковид пандемијата.

Тој е голем поддржувач на образованието, културата и спортот, каде досега се реализирани бројни донации.  Паралелно со доделувањето на спонзорството од половина милион денари, тој поведe иницијатива за „реанимирање“ на најголемата битолска спортска гордост, ФК Пелистер.


Токму поради сето ова многумина прават паралела помеѓу Кондовски и Јанковиќ, очекувајќи од него градоначалник кој испорачува резултати, бидејќи со резултати веќе се докажал во бизнис секторот.

Со импозантен бекграунд на докажан и успешен менаџер, сега како кандидат за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалицијата, Кондовски веќе порача дека сите свои знаења, вештини, способности и контакти ќе ги стави во функција на локалната самоуправа со цел Битола да продолжи по патот на развојот и просперитетот со една забрзана динамика. „Мојата улога ја гледам во тоа преку агресивни менаџерски практики и максимална примена на принципот на ефикасност да обезбедам забрзан општествено економски развој на Општина Битола.“-рече Кондовски.

Какви профили ја водеа Битола досега?

Од 2001 до 2005 година градоначалник на Битола беше Д-р Златко Вршковски, стоматолог по професија.

Од 2005 до 2017 година градот го водеше Владимир Талевски, актер по професија.

Актуелната градоначалничка, Наташа Петровска, која во 2017 година ја освои довербата на гласачите, е професорка.

СДСМ овој пат реши да ја смени понудата и да понуди кандидат за градоначалник менаџер - кандидирајќи го Кондовски за кого се верува дека со своето искуство може да одговори на менаџерскиот предизвик кој треба да ја препороди Битола.

Менаџери градоначалници во светот

- Мајкл Блумберг е 108-миот градоначалник на Њујорк. Тој е американски политичар, бизнисмен, автор и филантроп. Во 1966 година дипломирал на Факултетот за бизнис на Харвард како магистер за деловна администрација.Во 1973 година, Блумберг станува главен партнер во „Саломон брадерс“, куќа за инвестиции на Вол Стрит, каде што тој раководи со тргување со капитал, а подоцна, развој на системи. Блумберг започнал да основа компанија за иновативни пазарни системи. Неговиот деловен план се засноваше на сознанието дека Вол Стрит (и генерално финансиската заедница) е подготвена да плати за високо квалитетни деловни информации.

-Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, а подоцна познат и како адвокатот на Доналд Трамп, е еден од најпознатите американски менаџери. Човекот кој на американската политичка сцена го донесе ликот на менаџер-симболичен шеф на градот, прв меѓу еднаквите во локалната власт, кој успешно ја менаџираше најпознатата метропола на светот.

-Јанис Бутарис, поранешниот градоначалник на Солун, е политичар и бизнисмен со изострено чувство за менаџмент, кој во текот на својот мандат ставаше силен акцент на потребата не само Грците да инвестираат во Македонија, туку и македонските бизнисмени во Солун. Бизнис искуството го стекнал преку тоа што речиси 30 години работел во семејната винарија „Бутари“, а во 1998 ја формирал сопствената винарија „Кир-Јани“.  Искуствата од бизнис секторот успешно ги пренесе во менаџментот на локалната самоуправа.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани