БИТКОИНОТ ПОСУПЕРИОРЕН ОД ЗЛАТОТО: На повидок ли е голем раст
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2020
По колапсот кој дигиталната валута биткоин го доживеа во 2018 откако во 2017 беше на врвот, оптимизмот полека се враќа така што деновиве се тргува за 8.667 долари, и бележи раст од 21 процент во 2020.
Експертите сигурни дека луѓето ќе ја сфатат важноста на таа валута па со низа прогнози се јавуваат деновиве.
Оцената на биткоинот дека како валута е непроценлив е многу важен атрибут посебно во земјите како Аргентина и други во кои моментно усвојувањето на криптовалути расте.
Тони Вајс, поранешен трговец на Волстрит вели дека е оптимист во поглед на иднината на биткоинот и мисли дека е важно луѓето „конечно да сфатат колку тоа е важно за глобалниот финансиски систем“.
Трговецот со деривати, кој бил брокер скоро деценија, додава дека биткоинот значајно е супериорен во однос на златото.
-Не можете да ги запрете луѓето да користат биткоин - вели тој и додава:
-Ова средство е „непроценливо“, додека за златото тоа повеќе не можете да го тврдите.
Објаснува дека златото е тешко за транспорт, за пренесување, и дека е лесно за плен. За биткоинот е уверен дека ќе достигне нови високи вредности.