25 Април, 2024
0.0297

Биткоин милијардерот и гуру Новограц со најамбициозен план во крипто треската

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Милијардерот Мајкл Новограц ги претстави плановите за покренување на инвестициони банки кои би овозможувале инвестирање засновано на дигитални валути и блокчејн.

Целта е банката да биде листирана на канадската берза TSX.

Тргувачот од Волстрит планира да собере 200 милиони долари ако иницијалната јавна понуда (IPO) на неговата компанија биде успешна.

Компанијата “Galaksi Digital“ гради „најдобар во класата, со сите услуги, меѓунареден рејтинг, банкарски инвестиционен бизнис во областа на дигитални валути и блокчеин простор“, го цитира Блумберг Новограц.

Galaksi Digital, наводно, ќе се фокусира на области како што е трговија, вложување, управување со имот, и советодавна работа. Новограц ја опишува новата компанија како крипто Goldman Saks, тврдат добро упатени извори.

Сепак, новата компанија нема да понуди никакви услуги за американските граѓани.

Биткоин инвестициониот гуру, како го нарекуваат, планира да купи канадски старт ап фонд First Coin Capital Corp.  Потоа се очекува да се спои со канадската фирма, Bradmer Pharmaceuticals.  Новонастанатиот ентитет ќе се користи за собирање на 201 милиони долари приватен капитал наредниот месец.

Петприемачот наводно на новата компанија ќе ги потроши сите свои инвестиции-скоро 400 милиони долари од биткоин, иницијални понуди на коин и удели во неколку дигитални стартапи.

Основањето на крипто инвестициони банки е најамбициозен проект кој се појави насред крипто треската. Новограц во декември ја отфрли идејата за покренување на својот посакувано очекуван крипто хеџ фонд, правдајќи се на неповолни пазарни услови,

Милијардерот, кој бил многу гласен по прашање на криптовалути во последните години, предвиде дури и дека биткоинот ќе вреди 40 000 долари до 2019 та. Новограц оценил дека инвеститорите вложуваат пари во дигитални валути по недостиг на доверба во финансиските институции, по економскиот колапс од 2008.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?