26 Април, 2024
0.0270

Битиќи за Коста Петров: Има ентузијазам и искуство што е добро за Фондот за иновации и за државата

Објавено во: Економија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во изминатите три години, Фондот за иновации во потполност ја исполни својата функција, стана препознатлива институција која ги поддржува микро, малите и средни претријатија, а преку соодветните инструменти за поддршка значително ги олесни и забрза проектите за технолошки развој, креирање на иновативни решенија и дигитализација на компаниите, изјавил Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој денеска се сретна со в.д директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров.

Над 550 субјекти се во портфолиото на Фондот за иновациии и технолошки развој во овие три години. Битиќи рекол дека со ентузијазмот што го поседува Петров, очекува бројот на поддржани компании од година во година да се зголемува, што ќе значи побрз економски раст и развој на Северна Македонија.

Директорот на ФИТР Петров посочи дека максимално ќе се посвети ефикасно и ефективно да се искористат буџетските средства во Фондот. Тој нагласи дека нашата земја изобилува со млади, креативни и иновативни луѓе, а Фондот е вистинско место кадешто може да се обратат, да добијат стручна помош за развој на нивните проекти, но и финансиска поддршка за нивна побрза реализација. Микро, малите и средни компании, старт-ап и спин-оф, остануваат да бидат во фокусот на работата, со оглед на тоа што овие компании имаат огромен потенцијал за раст, како на приходи така и на бројот на вработени, што пак директно ќе влијае на економијата.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров се согласија дека потенцијалот за развој на старт ап компаниите во земјата е огромен, а во наредните години заеднички ќе работат на тоа Северна Македонија да ја направат регионален старт ап центар, каде секое младо лице со идеја ќе може да ги оствари своите бизнис идеи.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија